Култура

Најчестите заблуди за дебелите луѓе

Причината за неуспехот од диетите не е кај потрошувачите, туку во реакцијата на организмот, како резултат  од внесување на ниско калоричната храна, што е и причина диетите да не можат да го дадат очекуваниот резултат. И покрај тоа што годишно се остварува приход од 33 билиони долари во индустријата за храна, вклучувајќи ја и диеталната, сепак тоа не може да влијае на податоците кои велат дека дури 95-98 проценти од сите диети, завршуваат за три години. Имено, ова се објаснува со јо-јо ефектот кој се јавува по завршувањето со диетите. Ако во текот на диетата се загубени 10 килограми, тежината се зголемува за 20, или за изгубените 20 кг. тежината се зголемува за 30 кг. и тн. Ова се објаснува со одредени промени што настануваат во организмот како резултат на диетите. Имено, во периодот на “гладување” метаболизмот се забавува, калории се складираат а во мозокот се испраќаат пораки дека на организмот му е потребно повеќе храна. Кога диетата ќе заврши, организмот овие екстра калории ги претвора во вишок – сало, по што следи период во кој тежината се зголемува повеќе од она што е изгубено. Освен тоа, тежината е детерминирана и од други фактори,  како што се генетскиот фактор и метаболизмот.

Не е здраво да си дебел

Прашањето да се биде здрав и дебел е комплексно, и во себе вклучува повеќе фактори. Истражувачите покренале многу повеќе прашања одошто успеале да дадат  одговори. Сепак сите се сложуваат дека е подобро да се остане на некој килограм повеќе а да се биде здрав, отколку да се постигне јо-јо ефектот, со губењето и додавањето на килограми. Единствена вистинска и употреблива опција е да бидеш колку што е можно поздрав, не земајќи ја во предвид тежината.

Сите дебели луѓе внесуваат многу храна

Некои истражувачи дошле до заклучок дека не може да се направи разлика во внесување на храна помеѓу дебелите и слабите луѓе. Оние што се принудени на диети, и кои ги игнорираат пораките на нивниот организам за храна, стануваат опседнати од храна, и обично јадат многу повеќе по завршувањето на диетите.

Дебелите не изгледаат убаво

Критериумите за она што е убаво постојано се менуваат со времето и го прифаќаме како концепт општо прифатен од средината воп  која живееме. Многу ѕвезди во минатиот век кои се сметале за секс симболи, меѓу кои и Мерилин Монро која имала некој вишок килограм, денес би биле сместени во групата на полнички.  Медиумите, рекламите и индустријата, лансираат некаков стандард за убавина во денешното општество. Но, ние мора да се потсетиме дека гореспоменатата групација има намера да не направи незадоволнби со нашиот изглед, за да можат тие да остваруваат профит.

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *