Култура

Одлична сезона за Македонската Филхармонија

Со селењето во новата зграда на Македонската Филхармонија, сите концерти беа исполнети до последното место во публиката и се бараше билет повеќе. Така беше и за концертот посветен на Шпато во четвртокот, кога билетите беа распродадени неколку дена порано, и исто така беше и за Новогодишниот концерт за деца.

Македонската Филхармонија ќе го одржи празничниот предновогодишен концерт в четврток, (28 декември) под диригентската палка на Јерухам Шаровски, а како солисти ќе настапат сопранистката Милена Арсовска и бас-баритонот Иван Наумовски. На програмата се дела од Пјацола, Монкајо, Маркез, Пучини, Гуно, Штраус, Лехар…

Можноста да се одржи уште еден концерт пропадна, бидејќи ниту една фирма не покажала интерес да го откупи овој концерт и музичаите да земат соодветен хонорар. Поради тоа ќе има само еден концерт, бидејќи Македонската филхармонија не добила таква понуда. 
Македонската филхармонија нема да го изведува ниту Божиќниот концерт, што беше практика од изминативе неколку години, којашто не бил прифатена од музичаите. 
 Најголем дел музичари од оркестарот се православни, сите сакаат за Божиќ да бидат дома, а не на работа. Затоа од оваа година нема да има божиќен концерт, туку новогодишен, практика што одлично функционира во изминативе децении. 
Роден во Буенос Аирес, маестро Јерухам Шаровски рано започнува да изучува музика, а потоа студира флејта, контрабас, композиција и диригирање на Националниот конзерваториум за музика во неговиот роден град. Во раните 1970-ти имигрира во Израел, каде што дипломира на академијата за музика „Рубин“ во Ерусалим, под палката на проф. Менди Родан. Во 1990 година, Шаровски ќе биде избран од славниот маестро Зубин Мехта да ја прими наградата „Млад артист на годината“, кога ќе ја добие и привилегијата да диригира со Израелската филхармонија. За време на својата кариера, маестро Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим, заедно со Баварскиот радиооркестар, на концерти посветени на градот Ерусалим. Маестро Мазел ќе го предложи маестро Шаровски да биде и дел од жирито на интернационалниот натпревар за диригенти „Мазел“ (2002). Широк е неговиот репертоар и во однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистина успешна кариера на полето на едукацијата, одржувајќи мастер-часови на значајни универзитети во светот.
Сопранистка Милена Арсовска е една од најистакнатите македонски вокални уметници од поновата генерација, со успешна меѓународна кариера. Дипломира соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Универзитетот за музика и уметности во Виена. За време на студиите, Арсовска се усовршува и посетува мастер-часови кај познатите Клаудија Виска, Дорин Дефеис, Џејмс Хупер и Јоан Холендер. На сцената на МОБ пеела во продукциите на оперите „Волшебната флејта“, „Свртување на шрафот“, „Италијанка во Алжир“, „Рита“… Виенското деби, пак, во Театарот во Виена доаѓа во 2010 година, со настап во оперетата „Лилјакот“, а понатаму настапува во театрите во Магдебург и во Прага, како и на повеќе фестивали. Во моментов е дел од продукцијата „Свадбата на Фигаро“ во престижната опера во Вајмар.

Bас-баритонот Иван Наумовски дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а студиите ги продолжува на Универзитетот во Грац, Австрија, во класата на проф. д-р Том Сол. Во 2014 година, Наумовски дебитира на оперската сцена во Грац, со улогата на Викомте Каскада во оперетата „Веселата вдовица“, поставена од реномираниот режисер Оливие Тамбози. Во 2016 година дебитира во Македонската опера и балет, на отворањето на „Мајски оперски вечери“, со главната улога во операта „Евгениј Онегин“.   

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *