Култура

Скопје е најзагаден град во светот

Скопје денеска беше град со најзагаден воздух во светот со индекс на загаденост д 191. Загаденоста на воздухот и рангирањето на градовите во светот, се следи преку апликацијата „Квалитет на воздухот“ (Air Quality), која ги прикажува податоците од загадувањето.  Загаденоста се мери преку единствен индекс, кој го сочинуваат вредностите на штетните ПМ 10 честички, јаглерод моноксид, азот диоксид, сулфур диоксид и озон. Во Скопје денеска овој индекс изнесуваше 191, што е највисок споредено со сите други градови во светот. За споредба, градовите со најчист воздух денеска имаат индекс 10. 
На оваа апликација моѓеше да се прочита дека воздухот во Скопје е оценет како нездрав. Најзагадени делови во Скопје се Карпош и кај Ректоратот, каде што воздухот е оценет како многу нездрав. Загаденоста е голема и во Лисиче и Гази Баба каде воздухот се оценува како нездрав. Освен во Скопје, денеска екстремно загадено е и во Куманово. 
Најчист воздух денеска дишат жителите на Брисел, Лисабон, Будимпешта, Прага и Загреб.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *