Култура

Жените ќе им кажат збогум на диетите

Сите жени кои се ставени на одреден режим на исхрана, може да им кажат збогум на диетите. Конечно, научниците открија нешто што е сосем различно од досегашните долги и макотрпни диети, а кои и онака не го даваа посакуваниот резултат, или тој беше краткотраен. Се работи за хормон којшто ја зголемува желбата за секс, но истовремено и ги намалува килограмите. Имено, шкотските научници откриле дека со модифицирање на хормон кој помага за одржување на сексуалната желба, либидото, откриле пилула, засега само за жените,  којашто ја разгорува желбата за секс но исто така и се јавува како согорувач на калориите.  Заслужни за овој пронајдок се истражувачите од медицинскиот центар во Единбург, кои добиле позитивни резултати при тестирањето на неколку женки, мајмуни. Со ова најново откритие, може да здивнат сите оние коишто имаат вишок на килограми или се незадоволни од својот изглед сметајќи дека имаат нешто повеќе тежина од она што ја посакуваат, бидејќи, сепак, оценката за нашиот изглед е многу  субјективна. Имено, изгледот секогаш не кореспондира со сопствената оценка за нашиот изглед. Постојат константни незадоволници, повеќе кај понежниот пол, кои се оптоварени од нивниот изглед, и очајно се трудат да симнат некој грам од нивната тежина, иако тоа воопшто другите не го забележуваат. За ваквите незадоволнички, овие истражувања на научниците се добредојдени, кои треба во најскоро време и да се уверат во ефектите на овој пронајдок. Од тимот на истражувачите веруваат дека за помалку од  десет години, овие пилули ќе можат да се прилагодат и за мажите. Професорот Робер Милер, водачот на овој проект, го испитувал хормонот гонатропин тип 2, кој откако им бил даден на мајмуните, предизвикал засилена сексуална желба и промена во однесувањето, како во периодот на парењето. Исто така, женките јаделе три пати помалку храна од вообичаеното.

Овој хормон е дистрибуиран во оние делови на мозокот, за кои се верува дека влијаат на сексуалната желба. Следниот чекор е созадавање на лек, кој ќе ја стимулира активноста на овој хормон. Екипата од стручњаци се надева дека ќе успее да создаде иста таква пилула и за мажите, да ја усреќи и оваа категорија на “несреќници” кои сакаат да изгледаат здраво и секси.    

Бидејќи иако среќата и психичката рамнотежа на единката најчесто не се поврзани со килограмите, најчесто изгледот е на прво место коешто сакаме да го измениме и за кое сметаме дека би н¢ направило позадоволни. Секако дека многумина ќе се сложат дека губењето на килограми не е секогаш од клучно значење, но има огромно влијание кога станува збор за стекнување на поголема самодоверба. А чекајќи ги пилулите, како едиствена утеха за незадоволните може да им послужи констатацијата дека денес границата за она што значи да си дебел е малку поместена, и тоа во корист на оние полничките. Ова се должи на тоа дека секоја генерација во просек е поголема и покрупна, па може да “поднесе” и некој килограм повеќе, а тоа речиси и да не се примети.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *