Култура

За „Роман на годината“ ќе се натпреваруваат 27 книги

Фондацијата „Славко Јаневски“ објави дека на распишаниот конкурс за „Роман на годината“ кој заврши на 15 јануари, официјално се прифатени 27 книги. Фондацијата „Славко Јаневски“ ја продолжува традицијата на конкурсот за избор на најдобар роман којашто започна во 1999 година востановена од  редакцијата на „Утрински весник“. По згаснувањето на „Утрински весник“ минатата година – 2017, организирањето на конкурсот за „Роман на годината“ го презеде новоформираната фондација „Славко Јаневски“. 

 Добитникот на наградата ќе биде соопштен до 15 март. Романи што влегоа во официјална конкуренција се следниве:

1. „Крадец на воздишки“ – Александар Алексов, самостојно издание 
2. „Некои бладања од војната “ – Митко Апостолов, „Култура“
3. „Круг“ – Димитар Башевски , „Слово“
4. „Патешествие низ виденијата на апостол Јован“- Мите Гошев, самостојно издание 
5. „Манастир Фуентерабија“ –Јагода Михајловска Георгиева, „Три“ 
6. „Заспаните убавици“ – Сашо Димовски, „Култура“
7.„Се врати каде што припаѓаше“ –Марија Ѓорѓиоска, „Макс Поинт“
8. „Се гледаме наскоро Е.“ – Драгана Евтимова, Владимир Лукаш, „Антолог“ 
9. „На брегот на Еуфрат“ – Родна Јанчева, самостојно издание 
10.„Палмата“ – Марија Митруловска, самостојно издание
11. „Љубовникот на Ленин“- Блаже Миневски, „Матица македонска“ 
12.„Се буди ѕверот“ – Велко Неделковски, „Антолог“
13.„Пешаци по црни полиња“- Оливера Николова,„Матица македонска“
14.„Емигрантка“ – Ирена Павлова де Одорико, „Феникс“ 
15 „Одбројување“ – Фросина Пармаковска, „Или – или“
16. „Безимениот“- Петар Петрески, „Панили“
17. „Земјотрес 05:17“ – Владимир Плавевски, „Македоника литера“ 
18. „Романот за тајната книга„ –Јордан Плевнеш,Маја Јакимовска Тошиќ, „Магор“ 
19. „Апокалипса.мк“ –Бранко Прља, „Готен“ 
20. „Tајното братство “- Мимоза Ристова, самстојно издание 
21. „Диссомнии“- Игор Станојоски, „Антолог“
22. „Граница“ – Луан Старова, „Три“
23. „Ананка“ – Јусуф Сулејман, 
24. „Лузна“ – Јанко Филиповски, самостојно издание 
25. „Годините кога научив да летам“, Евгениј Хоуп, „Матица македонска“ 
26. „Војници со гумени чизми“, – Ивица Челиковиќ, „Три“
27. „Пред шарена врата“ – Крсте Шутиновски, самостојно издание

Слични статии