Небојша Глоговац, еден од најреномираните современи српски актери и еден од најдобрите во регионот, почина денеска по кусо боледување на 49 години.
Наградуваниот актер толкуваше бројни улоги на телевизија, филм и в театар. Еден од неговите последни улоги е во ТВ-серијата „Немањиќи – Раѓањето на кралството“, која наскоро ќе се емитува на РТС. Тој ја толкува улогата на Вукан, најстариот син на Стефан Немања. Играше и во серијата „Равна Гора“ на РТС, каде што толкува ликот на генерал Драгољуб Дража Михајловиќ. Улогите по кои ќе биде запаметен се во филмовите „Буре барут“, „Небесна јадица“, „ Молња“, „Уставот на Република Хрватска“.
Од 1996 е член на ансамблот на Југословенско драмско позорипте, каде што одигра значајни улоги, како во „Сомнително лице“, „Метаморфозис“, „Хадерсфилд“, како и во „Хамлет“ во режија на Александар Поповски. Небојша Глоговац остави три деца.
Националната комисија на УНЕСКО на Р. Македонија, денеска одржа конститутивна седница на платформата Зум, соопшти Министерството за култура. По службена должност претседател на Комисијата е министерката за култура Ирена Стефоска. Националната комисија за УНЕСКО е составена од 22 членови меѓу кои се министри од Владата на РСМ, директори на државни институции и авторитети за областите…
Над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија. Ако досега завршуваа на црните пазари во Западна Европа, последниве години крајната дестинација им е Азија. Дваесетина украдени икони веќе неколку години фаќаат прашина во витрините во два музеи во Албанија, чекајќи тамошните власти да донесат одлука за нивната судбина. Станува збор за непроценливо историско…
(Кон претставата „Лоунли плланет“ во продукција на Атеље 212 од Белград. Автори и главни улоги: Маја Пелевиќ, Димитрије Коканов, Олга Димитриевиќ, Тања Шљивар и Игор Коруга.) Најзастрашувачката синтагма во опасната и депримирачка година 2020 е „новото нормално“ која остана како еден вид на симплифицирана варијанта на „Големиот Брат“ на Орвел. Во годината која секако дека…
На 90 години почина академик Георги Старделов, филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата, поранешен претседател на МАНУ и еден од најактивните и еминентни академици во земјава. Веста ја соопшти Филозофскиот факултет каде бил професор (1966-1995) и негов декан (1975-1977). Старделов е роден на 28 август во Гевгелија, дипломирал на Филозофскиот…
Гари Каспаров, еден од најголемите шахисти во историјата, главно не е воодушевен од приказите на шахот на екран. „Секогаш гледаш дека го користат луѓе кои не се професионалци“, рече Каспаров во јавувањето од Хрватска. „И мошне често, позициите на таблата немаат никаква смисла.“ Шахот е спорт во кој двајца луѓе – главно мажи – седат…
На крајот на оваа година од печат излезе уште една нова книга со наслов „Филмски великани“. Станува збор за третата по ред книга на новинарката и филмска критичарка, Сунчица Уневска, во која таа направила избор и донесува интервјуа со 56 култни филмски автори и актери од целиот свет. Ова е книга посветена на филмот, но и ретка и…
Берлинскиот филмски фестивал објави дека ги откажува настаните со физичко присуство, кои беа најавени од 11 до 21 февруари. Наместо стандардната форма, официјалната селекција на Берлиналето ќе биде претставена од 1 до 5 март онлајн пред филмската индустрија. Европскиот филмски маркет исто така ќе се одржи во виртуелна форма, додека настаните со публика се планирани…
На фотографијата се гледа како децата бегаат од запалениот бегалски камп Морија на островот Лезбос. На почетокот на септември избувна катастрофален пожар во најголемиот бегалски камп на Егејот. Кампот Морија беше речиси целосно уништен. Илјадници жители беа префрлени во друг камп на Лезбос. Авторот на оваа фотографија е на гркот Ангелос Цорцинис. Таа ја доловува храброста,…
Напишете коментар