Култура

„Златна мечка“ за дебитанскиот филм „Не допирај ме“

„Не допирај ме“, провокативен филм за сексуалноста и интимноста, со долги делови голотија, ја освои „Златната мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал. Филмот е на романската режисерка Адина Пинтилие,  посветен на 50-годишна жена со проблеми за интимност која плаќа за момче, за сексуален терапевт, оди во свингерски клуб за да ја истражува сексуалноста. Сцените, во коишто отворено се истражува физичката интимност и сексуалност; беа дочекани со шокираност од страна на многу гледачи.

Драмата на романската режисерка Адина Пинтилие е изненадувачки избор од жирито на Берлиналето на чело со германскиот режисер Том Тиквер. „Сакавме да доделиме награди не само за она што филмот може да го направи и каде што е, туку каде може да оди во иднина”, рече Тиквер објаснувајќи ја одлуката на жирито. 

Режисерката, исто така, ја доби наградата за најдобар дебитантски филм.  

Сребрената мечка ја освои „Лице”, трагикомедија од полската режисерка Малгоржата Шумовска, за човек кој се соочува со предрасуди по трансплантацијата на лице.

Наградата за најдобра режија ја освои Вес Андерсон за „Островот на кучињата“, со кој се отвори Берлинале.

Најдобар актер е Французинот Ентони Бајон за главната улога во „Молитвата“ на Седрик Кан, каде што игра млад зависник од хероин кој се свртува кон молитва и монашки начин на живот за да се бори против неговата зависност.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *