Култура

Марковите кули во Прилеп прогласени за споменик на природата

Марковите кули станаа споменик на природата, како дел од проектот „Маркови кули-заштита и делување“, што е дел од програмата за подобрување на управувањето со заштитени подрачја на УНДП, Министерството за животна средина и ИПА-фондовите на ЕУ.

 

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, истакнува дека овој локалитет има голем потенцијал за зголемена туристичка посетеност во градот.

„Токму овој проект на Општина Прилеп, Маркови Кули – заштита и делување’, е во насока на надминување на овие проблеми и има за цел да го подобри управувањето со заштитеното подрачје, со воведување заштитни механизми и систем за мониторинг. Проектот ќе овозможи развој на мали инфраструктурни зафати за подобра пристапност на посетителите и подобрено информирање на локалната заедница, а преку непосредна соработка со Институтот за старословенска култура, ќе придонесе за зачувување на овој споменик на природата“, истакна Јованоски.

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *