Култура

„Обликот на водата“ освои Оскар за најдобар филм и режија

На јубилејното, 90. издание на доделување на филмските награди „Оскар“, што се одржа во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, беа доделени речиси раманомерно златните статуетки  на повеќе филмови. На годинешното доделување а Оскар, што  традиционално го организира Американската филмска академија и која годинава прими 600 нови членови, за најдобар филм го одбра  „Обликот на водата“ (The Shape of Water) на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо.  Водител како и минатата година беше Џими Кимел кој не ја избегна темата за сексуално злоставување воХоливуд, но и не се задржа премногу на неа. Го спомна исфлањето на Харви Вајнстајн од Академијата што беше пречекано со аплауз. 

„Живееме во време кога ни повторуваат дека мора да се плашиме од другиот, дека другите се наши непријатели и извор на проблеми; напротив, другиот е решение на вашите проблеми, другиот се оној што останува, тој го покажува патот. Филмот порачува прифати го другиот“, рече дел Торо. 

Бајковитата романса меѓу немата девојка и рептилското суштество имаше 13 номинации, од кои освои четири вклучувајќи ги и „Оскарите“ за најдобра режија и за најдобар филм.

Актерот Гери Олдман, непрепознатлив поради шминката во улогата на Винстон Черчил, освои „Оскар“ за најдобра машка улога во филмот „Најмрачниот час“ (The Darkest Hour). Овој филм освои три „Оскари“. 
Оскарот за најдобра актерка го доби Френсис Мекдорманд за улогата во црната комедија „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури (Three Billboards Outside Ebbing, Missouri), додека наградата за најдобра машка споредна улога во истиот филм е доделена на Сем Роквел.

Филмови со најмногу номинации:

– “The Shape of Water” – Гилермо Дел Торо, 13 номинации

– “Dunkirk” – Кристофер Нолан, осум номинации.

– ​”​Three Billboards Outside Ebbing, Missouri​” Мартина МекДонага, седум номинации.

Најдобар филм:

– “The Shape of Water”

– “​Three Billboards Outside Ebbing, Missouri​”

– “Lady Bird”

– “Get Out”

– “The Post”

– “Dunkirk”

– “Call Me By Your Name’​”

– “Phantom Thread​”

– “Darkest Hour”

Најдобра режија:

– Гиљермо Дел Торо “The Shape of Water”

– Кристофер Нолан “Dunkirk”

– Џордан Пил “Get Out”

– Грета Гервик “Lady Bird”

– Пол Томас Андерсон “Phantom Thread”

Најдобар актер:

– Тимоти Шамал “Call Me By Your Name”

– Даниел Деј Луис “Phantom Thread”

– Даниел Калуј “Get Out”

– Гери Олдман “Darkest Hour”

– Дензел Вашингтон “Roman J. Israel, Esq”

Најдобра Актерка:

– Сели Ховкинс “The Shape of Water”

– Френсис МекДорманд “Three Billboards Outside Ebbing, Missouri”

– Маргот Роби “I, Tonya”

– Серше Ронан “Lady Bird”

– Мерил Стрип “The Post”

Најдобра машка споредна улога:

– Вилјам Дафо

– Вуди Харлесон

– Ричард Џенкинс

– Кристофер Палмер

– Сем Роквел

Најдобра женска споредна улога:

– Мери Џеј Блајџ

– Алисон Џејни

– Лесли Менвил

– Лори Меткалф

– Октавија Спенсер

Номинација за најдобар странски филм

“A Fantastic Woman”, Чиле

– “The Insult”, Либан

– “Loveless”, Русија

– ”On Body and Soul”, Унгарија

– “The Square” Шведска

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *