Култура

Блажевски: Оптимист сум дека публиката ќе го засака филмот

Филмот „Година на мајмунот“ синоќа о кино Милениум го отвори 21. издание на Скопје филм фестивал.

  • Сакавме филмот да биде комуникативен, и по реакциите од синоќешната проекција мислам дека во тоа успеавме, речe режисерот Владимир Блажевски  на денешната прес конференција по повод премиерата на неговиот филм „Година на мајмунот“,  што се одржа синојка во киното Милениум, во сала исполнета до последното место.

Иако Блажевски рече дека е неблагодарно за еден автор да збори за неговото  дело, тој сепак ги сподели неговите импресии од премиеното прикажување. Блажевски рече дека е многу задоволен од тоа како реагирала публиката за време и по проекцијата. Реакциите кај публиката се проверка на концептот. Се надевам дека филмот е гледлив, питок и дека ќе комуницира со публиката. Јас сум оптимист дека публиката ќе го засака филмот, рече Владимир Блажевски.

Филмот „Година на мајмунот“ преку едно необично пријателство меѓу мајмунот Коко и чуварот на Зоолошката градина, Цобе зборува за еден превртен  транзициски свет полн со апсурди.  Кога ќе избега мајмунот Коко, дејствието се сели на различни локации во Македонија, соочувајќи се со различни ситуации и луѓе. Мајмунот Коко е нем сведок и на тажниот и истовремено смешен свет којшто го загубил компасот.

Филмот е финансиран од Филмскиот фонд на Република Македонија и е работен во копродукција со Словенија, Србија и Косово.

  • Припремата беше сложена, требаше напор сето тоа да се искординира и да функционира, бидејќи беа повеќе земји финансиери., истакна продуцентот Дарко Попов, кој се осврна на почетоците на реализацијата на проектот во 2012 година.

Филмот се снимаше во 2016 година на 80-ина локации во Македонија. Главната улога ја игра Игор Ангелов, Елена Трајковска, а во екипата се појавуваат актери од Македонија, Србија, Словенија и од Хрватска.

Димо Попов, задолжен за фотографија на филмот рече дека фотографијата им била во функција филмот да го направи да биде топол.

  • Генерална водилка беше тоа дека сакавме филмот да биде топол, да постигнеме дна бајковита атмосфера, во кој ќе доминира една палета на бои и мислам дека тоа го постигнавме, рече Попов.

Актерката Елена Трајковска рече дека уште како студентка сакала да глуми во филм на Владимир Блажвски, и поради тоа е многу среќна и возбудена.

  • Глумам една жена посветена максимлно на нејзината кариера како новинар, до таа мерка што го запоставила нејзиниот изглед. Нејзината работа ќе ја спои со Цобе, кој ќе биде мажот на нејзиниот живот, вели актерката Трајковска.

„Година на мајмунот“ ќе продолжи да се прикажува во киносалите на „Синеплекс“ почнувајќи од 20 април. Како што истакна режисерот блажевски, интернационалната кариер само што треба да започне.

  • Така беше и со мојот филм „Панкот не е мртов“ којшто првото претставување го имаше на филмскиот фестивал во Карлови Вари, и оттаму потоа учествуваше на 48 фестивали, рече режиерот Блажевски.   Интернационалното претставување на „Година на мајмунот“ ќе започне со прикажување на Московскиот меѓународен филмски фестивал, потоа ќе се прикаже во Германија, Италија и тн.

Слични статии