Култура

Пронајдени коски од праисториски слон пред 8 милиони години кај Неготино

На локалитетот ви близина на Долни Дисан, Неготино, се пронајдени остатоци од изумрен слон од пред околу осум милиони години. Според првичните согледувања, се работи за остатоци од 50 годишно животно, тешко околу 10 тони. Билјана Гаревска од Природонаучниот музеј од Скопје, се работи за фосилен остаток на еден од предците на слоновите, род што е општопознат во Македонија и во Европа, но интересно е тоа што за првпат се пронајдени повеќе коски од истиот вид на исто место. „Се работи за две коски од екстремитети и катници. Катникот ни дава можност да дознаеме за староста и возраста на животното и останати коски кои дополнително ќе треба да ги доизвадиме. Пронајдокот е од пред осум милиони години, според геолошката карта“, објасни Гаревска.

Николај Спасов, професор на Бугарската академија на науките и директор на Националниот природоначуен музеј при Бугарската академија, кој е дел од екипата истражувачи, посочи дека ова е едно најинтересните палеонтолошки откритија од доцниот миоцен на Македонија, кога природата на Балканот била многу поблиску до африканската фауна

Методија Велевски, в.д. директор на Природонаучниот музеј нагласи дека идејата е до крајот на годината овој наод да биде изложен во постојаната изложба на Природонаучниот музеј. „Тоа не е ни малку лесна работа. Материјалот е многу ронлив и ќе биде потребно многу време да се состават повторно тие фрагменти, да се заштитат, да се подготви практично презентација и промоција на овој настан“, објасни Велевски.

Палеонтолошките екипи од Природонаучниот музеј на Македонија и Природонаучниот музеј во Софија, последните неколку дена започнаа со ископување на фосилните остатоци од изумрен вид на слон (Choerolophodon pantelici). Тие беа откриени при заедничката теренска работа кај селото Долни Дисан во 2017 година. Досега откриените коски укажуваат дека се работи за зачуван значаен дел од скелетот на слонот. Според мислењето на стручниот тим, се работи за наод со големо научно значење. Фосилни остатоци од овој вид на слон се најдени на повеќе локалитети во Македонија и ширум Евроазија, но комплетен скелет од ова животно досега не и е познат на науката. Ова го прави наодот уникатен во светски рамки, затоа што ќе одговори на повеќе прашања за изгледот и начинот на живот на овој предок на денешните слонови.

Автор: