Култура

Гостување на режисерите на победничките филмови на 8. Филозофски Филмски Фестивал

Филозофскиот Филмски Фестивал кој годинава се одржа од 12 до 19 април, во месец мај традиионално органиира организира две пецијални проекции – репризно прикажување на победничките филмови на Фестивалот во присуство на режисерите. Љубителите на филм-философијата ќе имаат ретка можност за средба со добитниците на наградата „Златен був“ во конкуренција на долгометражни филмови од жирито и од публиката. Во среда (9. мај) со нас ќе биде унгарскиот режисер Роланд Враник, додека во недела (13. мај) ќе се дружиме со романскиот режисер Теди Некула. Проекциите се бесплатни и ќе се одржат во Кинотеката на Македонија. По прикажувањето на филмовите се предвидени модерирани разговори со гостите во коишто ќе може да се вклучи и присутната публика.

Кинотека на Македонија
„Граѓанинот“ (The Citizen, 2016) 
режија: Роланд Враник / Roland Vranik (HU), 110 минути

Вилсон е Африканец кој живее во Будимпешта. Дошол во Унгарија како политички бегалец и сака да стане унгарски државјанин, но неколку пати по ред не успева во тоа.  „Граѓанинот“ го отвора прашањето за местото и статусот на поединецот – граѓанин во една земја (матична или туѓа) или во светот воопшто. Што значи да се биде граѓанин денес? 
Филмот на суптилен начин го поставува ова прашање, во време кога, од една страна, сè повеќе се универзализираат еднаквоста, слободата и граѓанството, но од друга страна, се соочуваме со безбројни пречки на патот да се биде или да се (о)стане граѓанин денес. 
„Граѓанинот“ на унгарскиот режисер Роланд Враник е добитник на наградата за Најдобро сценарио на Фантаспорто филмскиот фестивал во Порто, Португалија. 

16.04 (понеделник), 21.30
Кинотека на Македонија
„Крај мене“ (Beside Me / Coborâm la prima, 2017)
режија: Теди Некула / Tedy Necula (RO), 84 минути

Подземната железница во Букурешт е блокирана во утринските часови, само еден ден по ужасниот пожар во еден од ноќните клубови на главниот град со голем број починати или поврдени млади луѓе. Овој инспиративен филм на младиот романски режисер Теди Некула, на кој истовремено може да се гледа и како на социјален експеримент, претставува алегориска приказна за самиот свет и за односите во него. Луѓето тргнати на пат почнуваат да разговараат еден со друг. Што се случува кога времето, магично или механички, ќе застане за еден момент… или за половина час? Кога другиот сум јас, а јас сум другиот и кога времето „изгубено“ може да се претвори во време „добиено“ (пријател, искуство, разговор). На крајот на патот претворен во патешествие, некој излегува променет.

 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *