Култура

„Реквием“ од Моцарт во Македонската филхармонија

Вечерва, Македонската филхармонија, по подолго време, ќе го изведе „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт, едно од најкрупните дела во класичната музика.

Под диригентство на маестро Емил Табаков од Бугарија, делото на Моцарт ќе биде изведено на симфонискиот концерт „Requiem Aeternam“ од страна на оркестарот на Македонската филхармонија, хорот при Факултетот за музичка уметност подготвен од маестро Сашо Татарчевски и од солистите Ким Лилијан – Стребел – сопран од Швајцарија, Мартин Ванберг – тенор од Шведска, Николина Јаневска – мецо-сопран и Владимир Саздовски – бас.

На концертот ќе бидат изведени уште две импресивни дела, „Моцарт ала Хајдн“ од Алфред Шнитке, на кое како солисти ќе се претстават виолинистите Владимир Костов и Владимир Крстев, како и Масонска погребна музика од Моцарт. 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *