Култура

Саемот се одржува под мотото „30 години читаме со задоволство“

Триесеттото јубилејно издание на Саемот на книгата, што  почнува денеска и ќе трае до 9 мај се одржува во ВИП-арената „Борис Трајковски“. Ќе се одржа промоции, дружења со авторите, семинари, ќе се претстават околу седумдесет издавачки куќи од Македонија и од регионот, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија.

Покрај изложбено-продажниот дел, предвиден е посебен простор, т.н. Промотивен центар, каде ќе се одвиваат настаните. Дел од програмата на Промотивниот центар е и доделувањето на наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) што е закажано за сабота, 5 мај во 18.00 часот, како и доделувањето на награди организирано од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ) што ќе биде во вторник, на 8 мај во 19.00 часот.
Предвидени се големи саемски попусти до 70 отсто. Саемот се одржува под мотото „30 години читаме со задоволство“.
Утре на програмата во 10.30 часот е промоција на „Гатанки погодувалки- пишувалки“ на Ели Маказлиева, во 14 часот ќе биде претставен романот „Татковата куќа“ и средба со Џорџо Монтефоски, италијански писател, добитник на наградата „стрега“. Во 15 часот ќе има промоција на книгите:
„Пристигнување кон иднината преку нашето чувство“ на Фахри Али, „Маџирски пат – баба и внука во климата на поезијата“ на Сезен Сејфуллах, „Бехич Ибрахим – живот, уметност и дела“ на Селчук Ќуршад Коџа, во 17 часот ќе биде претставена книгата „Еретички писма“ од Стефан Марковски, а од 18 часот романот „Шеесет раскази“ од Дино Буцати.

Во рамките на Саемот на книгата ќе се одржат промоции и на: „Мозаикот на Деби Му“ на Жаклина Мучева, „Автори и дела 5“ од Васил Дрвошанов, „Димитар Илиевски – легенда на македонскиот шах“ од Ненад Баткоски, Љубомир Хаџи-Манев и Димитар Илиевски, „Резби во времето“ од Драган Попоски-Стојнин, „Уметноста на исламот“ од Титиус Буркард, потоа доделување на награди на Македонска асоцијација на издавачи (МАИ), како и мотивациски семинар во организација на издавачката куќа „Три“ со Бруно Шимлеша, Катерина Ангеловска и Илина Ведран.
Современата финска писателка Сала Симука, авторка на бестселерите за млади „Црвена како крв“, „Бела како снег“ и „Црна како абонос“, го потврди своето доаѓање во Македонија, на Саемот на книгата.
Нејзините три романи во издание на „Бата прес“ се објавени на македонски јазик, а на 8 мај ќе бидат промовирани во официјалната програма на Скопскиот саем на книгата. Делата и авторката станаа книжевен феномен веднаш по нивното објавување, а наскоро во Холивуд се очекува и игрн филм, снимен по делата на познатата писателка.  Делата на Симука се преведени во 52 држави во светот.

Насловна фотографија: Сала Симука

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *