Култура

Златна палма за филмот „Крадци“ на јапонски режисер

Јапонскаа рама „Крадци“ (“Shoplifters”) на режисерот Хироказу Коре- Еда ја освои Златната палма  на 71. Кански филмски фестивал. 

Режисерот ја прифати наградата на јапонски јазик и ја посвети на целиот тим вклучен во филмот.

Надин Лабаки ја освои наградата од жирито, а пак Спајк Ли освои Гран при за „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“.

Полскиот режисер Павел Павликовски ја доби наградата за најдобар режисер за филмот „Студена војна“, Марчело Фонте за најдобар актер во филмот „Догман“, а Самал Јисламова за најдобра актерка во „Ајка“.

Претседател на жирито коешто годинава  одлучуваше за наградите беше австралиската актерка Кејт Блсншет, аедно со членовите актерките Кристин Стјуарт и Леа Сејду, американската писателка и режисерка Ејва ДуВернеј , пејачката и композиторка Каџа Нин од Бурунди, кинескиот актер Чанг Чен, канадскиот режисер Денис Вилнев, францускиот писател Роберт Гудигијан и рускиот режисер Андреј Звјагинцев.

Годинава во трката за Златна палма се најдоа 21 филм, а фестивалот беше затворен со филмот „Човекот кој го уби Дон Кихот“ на брианскиот режисер Тери Гилиам. 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *