Култура

Меѓунаодниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ завршува вечерва со доделување на наградите

Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола меечина“ , кој годинава се одржа по петти пат, ќе заврши вечерва, со доделувањето на наградата Гран-при, за најдобра претстава на Фестивалот, кко и наградите за најдобра режија, најдобра актерка-актер и, ќ се додели нововостановенат а награда за уметнички впечаток.

Годинава Фестивалот започна на 18 јуни и во текот на изминатите дена во Спортскиот центар Ново Лисиче, публиката имаше можност да види седум претстави од кои четири беа во продукција на театри од Македонија: „Синиот порокал“ на Велешки театар „Умри машки“ на Народен театар од Штип, „Дванаесеттата ноќ – спроти Водици“ н театар „Антон Панов од Струмица и „Тоби“ на Театарот за деца и младинци. Останатите три претстави беа гости, „Госпоѓа министерка“ на Народен театар од Ниш,а останатите две од Босна и Херцеговина со театрите „Једваносимсобоакаломистобо“ на Саревскиот воен театар „Сартр“, и претставата „Кидај из моје кухиње“ на Театарот од Шабац.

На последната вечер, по прогласувањето на победниците на „Гола месечина 2018“, ќе настапи стендап-комичарот Марјан Ѓорѓиевски. На  самиот крај ќе се обрати градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски, кои се организатори на Меѓународниот Фестивал на комедијта „Гола месечина“.

Слични статии