Култура

Почина поетот и академик Матеја Матевски

Во 89-тата година од животот ноќеска почина Истакнатиот македонски поет и академик Матеја Матевски. почина ноќеска на89 годиншна возраст. 

Матевски е роден во Истанбул во 1929 година, детството го поминал во Гостивар, а завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел во Македонската радио-телевизија како новинар, уредник на културните и литературните програми. 

Бил генерален директор на Радио-телевизија Скопје, членувал во Друштво на писатели. Тој бил претседател на МАНУ од 2001 до 2004 година. Академик Матевски е единствениот добитник на највисокото признание за литература „Премио медитерано пер литература 2005“. 
На јубилејното 50. издание на Струшките вечери на поезијата во 2011 година го доби „Златниот венец“. Автор е на стихозбирките: „Круг“, „Липа“, „Црна Кула“, „Перуника“, „Дождови“, „Раѓање на трагедијата“, „Завевање“, „Внатрешен предел“, „Мртвица“. 

Автор е на десетици стихозбирки и добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата.

 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *