Култура

Под слоганот „Симнуваме капа“ ќе стартува 39.издание на “Браќа Манаки“

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“,  годинава 39-ти по ред, ќе се одржи од 22 до 29 септемри во Битола, со слоганот „Симнуваме капа“.  Ова го соопшти раководството на Фестивалот  на прес конференцијата,  што се одржа денеска (28 јуни) во МКЦ,  а повод  беше соопштувањето на добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело –  британскиот оскаровец, кинематографер, Роџер Александер Дикинс.

Директорката Гена Теодосиевска потенцираше дека реномето и понатаму ќе го  создаваат и градат на еден од најстарите филмски фестивали, најавувајќи зголемување на број на фестивалски содржини,  коишто оваа година ќе бидат 14, но, поместување на границите, не значи отфрлање на досега направеното.

– Во една смисла значи промена, но не и отфрлање на позитивните искуства вклучени со години и градени со децении од оние кои ја почувствувале потребата да се основа и да се организира еден ваков фестивал и да се слави филмот во градот на браќата Манаки – рече директорката на фестивалот.

Годинава ќе има нови селектори на филмските програми: Марија Џиџева ќе биде на документарната програма, Даријан Пејовски и Марија Апчевска се селектори на кратките филмови, Слаѓан Пенев,  е за програмата „Европски филмски перспективи“ која почна пред две години.

  • Неколкугодишната упорност, да го донесеме  во  Македонија еден од најголемите живи светски кинематографери Роџер Дикинс се оствари на наша најголема радост и тоа во годината кога тој конечно стана заслужен освојувач на Оскарот за креацијата во сега веќе новото антологиско дело од неговата богата ризница – „Blade Runner 2049“, рече уметничкиот директор на „Браќа Манаки“ на пресот, читајќи ја биографијата за Дикинс

Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) Игор Иванов-Изи истакна дека остануваат посветени на „Браќа Манаки“.

  • Со 40-тото издание на „Браќа Манаки’ ќе започнеме со новата стратегија на македонскиот филм, којашто се однесува на конечно расчистување на тоа што го обременуваше филмот во Македонија, а се однесуваше на филмови кои тешко се продуцираа и се завршуваа, со чудни теми од историјата. Фокусот ќе биде ставен на младите автори, да снимаме филмови кои се случуваат овде и сега и зборуваат за нашите генерации и она што нас нė опкружува – рече Иванов-Изи.

Тој истакна дека пред почеокот на 39. „Браќа Манаки“ ќе биде завршен  изборот на  македонски кандидат за Оскар,  оваа година ќе бидат осум или девет филмови,  кои ќе бидат номинирани и изрази надеж дека повеќе нема да се случи да немаме свој претставник за Оскар,, рече претседателот на ДФРМ.

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет , изрази задоволство што Роџер Дикинс е добитник на наградата за животно дело на најстариот фестивал посветен на инематограферите именуван по браќата Манаки чии снимки, рече, ги гледал со задоволство и уживав во нив.

  • За нас во Велика Британија, филмот е значаен дел од креативните индустрии за кој сметаме дека имаме успех во глобални рамки. Филмот е уметност, образование, медиум, хроничар на времето, одраз на културата  и ведностите во кои живееме и затоа ја заслужува нашата поддршка, истакна британскиот амбасадор на прес-конференцијата на ИФФК „Браќа Манаки“.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *