Култура

Вечерва стартува фестивалот на музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“

Денес во Кинотека на Македонија со почеток во 19:00 часот започнува четвртото издание на фестивало на музички документарни филмови, Скопје Синема Сити. Фестивалот ќе се отвори со изложба на фотографии од истакнари џез музичари од истакнатата фотографка Татјана Ранташа и со настап на Гоце Стефковски. 

Руичи Сакамото во филмот „Кода“

Со завршувањето на изложбата, во 20:00 часот официјално со проекцијата на филмот „Кода“ документарен филм за познатиот јапонски  композитор, Руичи Сакамото,  започнува петденвното патување со џез музиката во филмско издание.