Култура

Јавното обвинителство отвори предмет за говор на омраза за пожарите во Грција

Основното јавно обвинителство отвора истрага за ширењето говор на омраза, а предмет се  постовите и коментарите на социјалните мрежи во врска со катастрофалниот пожар во Атина, во кој изминативе три дена загинаа 80-тина луѓе.  Ќе се утврдува идентитетот на секој кој преку објавување написи и коментари на социјалните мрежи, ширел ксенофобични пораки,   за огнената трагедија во Грција.. Предметот е отворен по допрен глас од јавноста.   За ширењето говор на омраза, ксенофобија или расизам, во Кривичниот законик предвидена е затворска казна од една до пет години.

Како што поединци и групи постираа содржини со радост за катастрофата во Грција, така на јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески во текот на вчерашниот ден му биле препраќани содржините. Најстрашните и најнечовечките постови беа од вистински профили, но Обвинителството ќе работи на откривањето на идентитетот и на таквите автори со лажни профили на Фејсбук.

Грозоморните пораки на социјалните мрежи, кои алудираа дека јужниот сосед ја заслужил оваа катастрофа, предизвикаа лавина реакции. Меѓу нив имаше и имиња познати на јавноста, а како најсподелувани примери,  беа постовите на Миленко Неделковски.

„Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност. Следува преземање на дејствија со цел обезбедување докази во предметот. Воедно, ќе се утврдува идентитетот на лицата кои преку објавување на написи и коментари учествувале во ширењето на говорот на омраза.

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *