Култура

Клаудија Кардинале доаѓа на ИФФК „Браќа Манаки„ во Битола

  • Големата италијанска и светска актерка Клаудија Кардинале е добитничката на Специјалната Златна камера 300 за особен придонес во светскта кинематографија.  Таа ќе пристигне во Битола на отворањето на 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“,  кој ќе биде отворен на 22 септември, кога ќе и’ биде доделена наградата.
    „Се заложив на фестивалот да донесам едно значајно име од филмската уметност, филмска
    дива која е се’ уште активна и со голем успех се појавува во поновите европски, но и
    холивудски проекти, актерка на која фестивалот во Кан, минатата година, и’ оддаде почит
    ставајќи го нејзиниот лик на фстивалскиот плакат“, рече директорката на ИФФК „Браќа Манаки“,  Гена Теодосиевска.
    Таа потенцираше дека подготовките за фестивалот се одвиваат нормално и за разлика од
    минатата година без поголеми стресови и непријатни ситуации, како што било случај во
    минатите две години, за што се заблагодари на Агенцијата за филм и на Горјан Тозија.
    „И годинава фестивалот достојно ќе ја исполни својата функција, да ја промовира нашата
    култура, уметност и традиција, да едуцира и да приложи нови концепти на светската
    филмска уметност како премиерни изданија во Македонија“, рече Теодосиевска.
    Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска рече дека се гордее со овој Фестивал којшто  претставува значаен белег на градот.
    Алесио Ликвори, заменик шеф на мисијата во Амбасадата на Република Италија во
    Македонија, рече дека како Италијанци се повеќе од горди што наградата годинава и’ е
    доделена на Клаудија Кардинале која е уметнички, но и женски симбол со кој се гордее
    италијанската кинематографија и култура.
    Уметничкиот директор Благоја Куновски Доре ги објави имињата на членовите на
    меѓународното жири кои ќе ја вреднуваат работата на кинематограферите во главната
    селекција и ќе одлучат за добитниците на престижната награда Златната, Сребрена и
    Бронзена Камера 300 Тоа се: Olympia Mytilinaiou, кинематографер (Грција) – претседател, Rainer Klausmann, кинематографер (Швајцарија) – член, Ѓорче Ставрески, режисер (Македонија) – член, Mattias Troelstrup, кинематографер (Данска) – член и Rebecca Fayyad Palud, агент (Франција) – член.
    ИФФК „Браќа Манаки“ годинава ќе одбележи два филмски јубилеи: 100 години од
    раѓањето на големиот Ингмар Бергман, еден од најдобрите режисери на сите времиња и 60
    години од премиерата на македонскиот филм „Мис Стон“. Овие одбележувања ги
    организира Кинотеката на Македонија, која 39 години е партнер на Фестивалот, како што
    рече директорот Владимир Ангелов.
    „Филмовите на Бергман се’ уште живеат во кино салите и на телевизија, неговите дела се
    уште се предмет на анализа на теоретичарите, а има и уште еден не толку познат податок за
    Бергман, а тоа е дека имал значајна улога во сферата на архивирањето на филмските дела.
    Во негова чест ќе го прикажеме еден од најдобрите светски филмови „Персона“ (1966).
    Што се однесува на „Мис Стон“ тоа е еден од најуспешните македонски филмови на кои
    постарите можеби се сеќаваат, но не и помладите генерации и од тие причини ќе го
    прикажеме во прекрасниот амбиент на Магаза во Битола, што ќе бид епридружено со една
    интересна изложба низ која ќе раскажеме приказната за овој филм од идеја до неговите
    успеси“, рече Ангелов.
    На прес конференцијата премиерно беше прикажан и фестивалскиот спот, кој го изработи
    режисерот Вардан Тозија во соработка со агенцијата Меккен од Скопје и Вертиго визуел,
    како и со младите соработници од ФДУ од Скопје.

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *