Култура

Манчевски почна да го снима новиот филм „Врба“

Новиот игран филм на Милчо Манчевски, со наслов „Врба“, почна да се снима во околината на Прилеп. Екипата на Манчевски во изминативе два дена ги направи првите сцени во околината на манастирот „Трескавец“. Биле снимани летни сцени за филмот, додека официјалното снимање ќе започне во октомври, информираше продуцентот Јане Ќортошев.

„Врба“ ќе се снима во околината на Прилеп, а потоа во Скопје. Во филмот ќе играат млади актери од Македонија. Филмот ќе содржи три љубовни приказни поврзани преку симболот на врбата. Овој шести игран филм на Манчевски е поддржан е од Агенцијата за филм со 1,2 милион евра, а е во продукција на „Банана филм“.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *