Култура

Експеримент во Берлин: Атонална музика во борба со дилерите и бездомниците

Потврда дека атоналнта музика за многу луѓе е непријатна за слушње е и веста дека гермaнските власти решиле да пушттаат атонална музика во метрото во Берлина, и на тој начин да го намалат бројот на бездомниците, дилерите на дрога  и нарко зависниците. Луѓето ваквата музика ја доживуваат како  збунувачка и стресна – вака невролозите ги опишаа лошите ефекти од слушањето на нешто што не е хармонично или компонирано во стандарден клуч.

Експериментот  во кој треба да се намали бројот на споменатите категории а со тоа и да се намали криминалот, треба да започне следниот месец на станицата „Hermannstrasse“ во живописниот, трендовски дел од градот – „Neukölln“.

Претходните обиди дилерите да се отстранат со помош на класична музика се покажале како неуспешни, бидејќи се чини дека музиката им се допаѓала. Но, со атоналната музика нема шанса тоа да се случи, вели Фридеман Кеслер, претставник на железничкиот оператор „Дојче бан“.  Бидејќи атоналната музика ќе биде непријатна и за други присутни во метрото, експериментот ќе балансира помеѓу отстранувањето на криминалците, но и намалувањето на бројот на патници. Планот е звуците нема да се пуштаат на платформите и дека железницата ќе проба различна јачина на звукот.

Атоналната музика стана позната преку композиторите од 19-иот и 20-иот век, вклучувајќи го и Арнолд Шенберг, чиишто дела беа осудени од нацистите.

Здружението на патници (Игеб) во Берлин, го критикуваше овој план, велејќи дека само ќе ја зголеми бучавата во Берлин. Јенс Визеке, портпарол на Игеб, вели дека подобро би било станиците да се чистат почесто.

Извор: The Times

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *