Култура

Отворен 39. ИФФК „Браќа Манаки“ Кардинале, Дикинс и Стојанова на црвениот килим во Битола (галерија)

  • На црвениот килим, вечерва пред Центарот за култура во Битола, заедно со битолската публика продефилираа Оскаровецот Роџер Дикинс и актерската дива Клаудија Кардинале. Битола вечерва беше центар на филмскиот свет. Перформансот, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, на отворањето, годинава помина во знакот на магијата на филмот и беше посветен на мотото на фестивалот „Симнуваме капа“. Актерката Јелена Јованова потоа ја презеде водителската улога и ги презентираше наградите. Полната сала во Центарот за култура, со стоечки аплаузи ги поздрави годинашните лауреати меѓу кои и македонската актерка Милица Стојанова која е добитник на наградата  „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмските работници на Македонија. Гена Теодосиевска, директор на ИФФК „Браќа Манаки“ прва ги поздрави присутните љубители на филмската уметност. 
    – Воопшто не е лесно вечерва да се стои пред вас кои работите на филмот, не е лесно и да се биде директор на овој Фестивал бидејќи зад мене стојат оние кои го трасирале патот на овој фестивал. Секако дека резултатот што следи оваа година се деведесет и пет наслови во 14 програми, резултат создаван 39 години, рече Теодосиевска. Таа се заблагодари на Друштвото на филмските работници на Македонија, на Агенцијата за филм на РМ и на сите филмаџии кои ги отстапија своите филмови да бидат дел од нашата програма. —  Велат филмот треба да им припаѓа на сите. И јас така сакам тоа да биде. Но, велат и дека знаењето ќе го спаси светот. Не го велам тоа туку-така, бидејќи мислам дека досега овде не доведе, до ова 39. Издание, нечие предзнаење и затоа мислам дека ние од 30-то издание натаму ќе го направиме уште поголемо тоа знаење, истакна директорката Теодосиевска. 
    Од името на градот домаќин, Битола и од битолчани, градоначалникчата Наташа Петровска, им посака добредојде на присутните во Битола. -Фестивалот е значаен за битолчани, но и значаен за целиот свет затоа што потврдува како може да му се пркоси на времето и потврдува дека и четвртата димензија има релативитет. Добрата фотографија може така умешно да гоулови мигот да ја скрши минливоста, да се разлее во вечноста, како ништо друго поинаку. Оттаму мојот длабок поклон до сите кинематографи, но и до сите наши добитници вечерва кои што потврдуваат дека ваквите вредности се вредности кои треба не само да им се поклониме туку да ги пратиме во вечноста. Уживајте во седумте фестивалски вечери, бидејќи животот е премногу краток, порача Петровска. Добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, скромниот маг со камерата Роџер Дикинс ја прими наградата од директорката на фестивалот Гена Теодосиевска. Таа истакна дека кинематограферите додека снимаат се како вистински ѕвезди и тешко е да се дојде до нив и се заблагодари што на фестивалот му била дадена можност Роџер да биде оваа вечер во Битола.
    Кога стојам овде пред вас се чувствувам дека сум на погрешната страна од камерата. Повеќе би сакал да бидам зад неа. Мислам дека Фестивалот трае исто толку години колку што јас снимам филмови. Многу ми е драго што сум дел од оваа историја затоа што познавам многу луѓе што предтходно биле тука, но јас досега немав можност да дојдам. Пресреќен сум што станувам дел од оваа историја, рече Дикинс На Клаудија Кардинале, „Специјална златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност и’ ја врачи министерот за култура, Асаф Адеми. Таа во кусото обраќање се заблагодари на наградата, ја нарече прекрасна и се заблагодари на Фестивалот за оваа награда. 
    На акедонската актерка Милица Стојанова, која годинава е лауреат на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмските работници на Македонија, наградата и’ ја врачи Игор Иванов Изи, претседател на ДФРМ.
    -За нешто помалку од две години Друштвото на филмските работници на Македонија ќе прослави 70 години постоење, а за само една година од денеска ќе прославиме 40 години од нашиот најврвен приоритет и најголем проект, филмскиот фестивал„Браќа Манаки“. „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ досега беше привилегија на оние кои блескаат зад големото платно. Оваа година направивме исклучок. Наградата ја доделуваме на актер и тоа на некој што и покрај целата стигматизација на жената во балканските, посебно во македонската кинематографија, успеа да блесне на големото платно, рече Игор Иванов, директор на Друштвото на филмските работници на Македонија, кој го врачи признанието.
    -Оваа награда многу ми значи затоа што се разликува играта пред камера од театарот, но таа е еднаква по уметничкиот предизвик. Им благодарам на сите филмски режисери и
    телевизиски режисери ко ми пружија можност да се сплотам со животот на разни луѓе пред камерите, рече Стојанова.
     По свеченоста на доделување на наградите, присутните имаа можност да ја види светскста и македонска премиера на краткиот филм „Љубовникот“ во режија на Игор Иванов – Изи, а потоа филмската екипа: Томи Салковски, Дејан Димески, Наталија Теодосиева, Сашо Петровски, Марија Апчевска се поклони пред публиката.
    Во чест на лауреатот на Златна камера 300, кинематограферот Роџер Дикинс филм за отворање беше „Истребувач 2049“ за кој то го одоби Оскарот за најдобра камера.
    Роџер Дикинс си ја облече фестивалската маица На црвениот килим и на свеченото отворање, Роџер Дикинс се појави со елегантен костум, и со црна маица со логото на фестивалот.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *