Култура

„Ругање со Христос“ доби награда за иновативност во Монтреал (ВИДЕО)

Филмот „Ругање со Христос“, на македонскиот режисер Јани Бојаџи, доби награда за иновативност на Филмскиот фестивал во Монтреал, Канада.  Филмот е македонско-грчко-француска копродукција и  светската премиера ја имаше толму на овој фестивал што се одржа од 23 август до 3 септември на 42 издание по ред на Ворлд Филм Фестивал (Worls film festival), а филмот беше прикажан на  30 август.

Инаку, изминативе денови, „Ругање со Христос“ е актуелен по реакциите од Министерот за култура Асаф Адеми и од директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, кои го оценија овој филм како навредлив  за Албанците и филм со политичко влијание, врз основа на видениот трејлер и по прегледот на сценариото и режисерската експликација.

Филмот „Ругање со Христос“ е навредлив за Албанците во Македонија

Режисерот Бојаџи вчера за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека Министерството за култура повикува на насилство и терор врз него како уметник и насилство и терор врз неговиот филм како уметност и осудата ја нарече „вовед во фашизам во Македонија“.

Во филмот на Бојаџи, се испреплетуваат четири приказни, вистинити настани од блиската историја: едната е битката на Радуша, киднапирањето и малтретирањето на мавровските работници за време на воениот конфликт 2001,  убиството на младиот Ванчо Каранфилов во Тетово, кој беше застрелан додека играше кошарка.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *