Култура

Десонанс, фестивал за електронска музика, го прославува јубилејното десетто издание

Фестивалот за електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми, Десонанс, оваа година го прославува своето јубилејно, десетто издание. Инициран и организиран во 2009 година од Гете-институт-Скопје, Десонанц станува синомим за презентирање на најновите музички достигнувања во електронската музика,  мултимедијални настани, визуелни уметности, нови медиуми. Идејата фестивалот да допринесе за развој и презентација на артисти од локалната сцена и поврзување со светски етаблирани артисти (пред се од германско потекло) e повеќе од значајна со оглед на тоа дека Десонанс е веќе почитуван фестивал на европско ниво.

Целта за оформување на повеќе локални мултимедијални колективи и платформи кои се под директно влијание на самиот фестивал е остварена и реализирана со оформување на мултимедијалниот колектив Биткреш (BTKRSH). Фестивалот во изминатите години нуди и образовен карактер преку музички работилници: Ableton, Field Recordings, употреба на домашни уреди за креирање на музика, како и видео-работилници: Quartz Composer, Resolume, 3D Video Mapping.

Десетто издание е во организација и партнерство со Гете-институт Скопје и ,,3.14 Броколи,, и е сублимат на сите претходни години во однос на фокусот и презентирање на современата електронска музика и уметност.

 

Современата музика ја достигна сингуларноста, точка во која сите жанрови, сите инструменти и сите звуци сочинуваат една Музика. Кога аналогното станува дигитално, електронското станува акустично, кога панкот е диско, класичната музика е метал и тишината е инструмент, единствените два критериуми кои се битни за музиката се Квалитет и Контекст. Водејќи се по овие два принципи, програмата на Desonanz Festival 2018 е богатство од врвна музика од широк спектар на жанрови, внимателно селектирана и ставена во контекст кој го вади најдоброто од уметноста во просториите на Македонска Филхармонија, Muzej Na Grad Skopje, Отворено Графичко Студио и клубот Epicentar.

На овој Desonanz ќе имаме можност да посведочиме две легенди на мултимедијалната уметност како даваат нова свежина на векови стари симфонии, да видиме масивна видео инсталација како го краси клубскиот подиум, да ги чуеме премиерно новите проекти на некои од најголемите имиња на македонската музика и да ги одиграме најновите берлински хитови во клуб со огромен звук.

Свеченото отварање ќе биде со Гала концерт цо среда , 31 октомври во Македонската филхармонија. Две имиња на современата музика чии звуци и видео-колажи долги години се извор на восхит и инспирација за генерации на електронски музичари, амбиенталисти, класични композитори и видео уметници. Fennesz е композитор, гитарист и еден од великаните на модерната класична музика, чест соработник на Дејвид Силвијан, Рјуичи Сакамото, Џим О’Рурк и секако проектот Fennesz+Lillevan, еден од најимпресивните мултимедијални проекти на денешницата и често дел од програмата на престижните светски фестивали од рангот на Transmediale, Unsound, Ars Electronica и сл. Lillevan е германски ликовен и видео уметник, пионер на модерната видео-уметност и нејзината соодветна примена во музички контекст. Неговиот мек и органски стил на видео продукција со бројни аналогни артефакти е уникатен и нашироко препознатлив и имитиран во светот на денешната електронска музика.

Заедничкиот 10-ти роденден на Берлинската издавачка куќа и институција на ноќниот живот – Killekill и на Desonanz ќе го прославата во клубот Епицентар во петокот на втори ноември. Најавена е масивна клубска вечер со три од најголемите имиња во редовите на интернационалната Killekill фамилија. Настапи на ирскиот техно волшебник Eomac, настап во живо на крзнените контроверзии Furfriend и селекција на музика од човекот зад Killekill и култна фигура на берлинската клубска сцена зад кулисите но и зад грамофоните – DJ Flush.

Фестивалот ќе се оддржи од 31.10. до 03.11. на повеќе локации во Скопје.

Предвидена е работилница за Pure Data софтвер, презентација на првиот custom made грамафон направен во Македонија, мултимедијални видео инсталации – ,,10 години Десонанц Фестивал,, и ,,Полимат,, (видео-омаж посветен на делото и работата на Johan Wolfgang von Goethe), како и настапи на реномирани музички артисти.

 

 

 

 

 

 

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *