
Почина оперската дива Монсерат Кабаје
— 6 октомври, 2018Прославената шпанска оперска дива, Монсерат Кабаје, почина на 85 годишна возраст, во болница во Барселона. Пораснала во сиромашно семејство, но благодарение на нејзиниот талент студирала пеење и завршила со највисоки оценки. Дуетот со Фреди Меркјури стана химна на Летните олимписки игри во Барселона во 1992 година, почина на 85 години, објави новинската агенција „Ефе“.
Таа била примена во болница во Барселона минатиот месец, откако веќе некое време имала сериозни здравствени проблеми.
Кабаје имаше кариера долга половина век, а по настапите во оперите во Базел и Бремен, таа се стекна со меѓународна слава во 1965 година со изведбата на насловната улога во „Лукреција Борџа“ во „Карнеги хол“ во Њујорк, што беше нејзино деби во САД.
Потоа настапуваше во Метрополитен опера, како и во оперите на Сан Франциско и Виена, покрај имиња како Лучано Павароти и Пласидо Доминго.
Песната „Барселона“ ја сними во 1987 година и таа потоа стана химна на Олимпијадата во 1992 година.
Автор:
Слични статии
-
-
Почина американскиот водител Лери Кинг
23 јануари, 2021 -
Почина актерот Љупчо Тодоровски-Упа
22 јануари, 2021 -
Почина академик Георги Старделов
11 јануари, 2021
Последни статии
-
Рефрени, сенки и мигови
— 26 јануари, 2021(Кон збирката раскази „Во главата слушам песна“ од Елизабета Баковска во издание на Или-Или, Скопје, 2020 година) Стиховите од песните остануваат како семиотичка сенка во нашата свест, а кога ќе престанеме да ги слушаме тие песни остануваат како прилепено животно искуство од кое не сакаме да се одвоиме затоа што тоа е тоа што не…
-
На конкурсот за наградата „Роман на годината“ се пријавија 40 романи
— 25 јануари, 2021Во средата, на 20 јануари се конституираше жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културни вредности „Славко Јаневски“. Жири-комисијата е во состав: Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата). Жири-комисијата ќе направи…
-
Почина актерката Мира Фурлан на 65 години
— 23 јануари, 2021Познатата филмска и театарска актерка Мира Фурлан почина на 65-годишна возраст, во средата, 20 јануари. Фурлан е родена во Загреб на 7 септември 1955 година. Отпрвин, таа беше истакната актерка во Хрватскиот народен театар во Загреб, но во 80-тите години стана една од најпрепознатливите и најавтентични југословенски филмски актерки. Во тој период од нејзината работа таа…
-
Почина американскиот водител Лери Кинг
— 23 јануари, 2021Aмериканскиот водител Лери Кинг, чии интервјуа со светски лидери, филмски sвезди и обични луѓе помагаа во дефинирањето на американскиот дијалог половина век, почина денеска на 87 годишна возраст. Причината за неговата смрт не е соопштена. На 4 јануари беше објавено дека Кинг е позитивен на ковид- 19. Кинг починал во медицински центар во Лос Анџелес,…
-
МНТ со меѓународен проект „Патишта на хероите“, ќе го истражува значењето на поединецот врз општеството
— 23 јануари, 2021Македонскиот народен театар стартува со меѓународниот проект „Патиштата на хероите“ во кој се вклучени и шест организации, од кои пет се од партнерските земји: Ла Драматурџи 0д Италија, Лооп Амке од Грција, од Босна и Херцеговина учествува Студио Театар, Институт за театарска игра од Словенија и од Србија, Ехо Анимато. Од Македонија е вклучена издавачката…
-
Почина актерот Љупчо Тодоровски-Упа
— 22 јануари, 2021Роден е во Скопје, на 2 мај 1956 година и е еден од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломирал актерство кај проф. Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапувал во Драмскиот театар во Скопје. По Академијата, заминал за Белград, каде што останал 10 години. Филмови: 2002 ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА; кастинг директор, ПРИСТОП, Скопје…
-
Глобални заложби против климатските промени: Што понатаму?
— 22 јануари, 2021Измина еден месец откако светот се обедини на Самитот за климатски амбиции на 12 декември минатата година, каде домаќини беа Велика Британија, ООН и Франција заедно со нашите партнери Италија и Чиле. Беше тешка година, со оглед на тоа што земјите низ целиот свет се бореа со последиците од КОВИД-19. Но, пандемијата не ја запре…
-
Гоце Цветановски го објави првиот тизер за филмот „Денот на жената“ (видео)
— 21 јануари, 2021Режисерот и сценарист Гоце Цветановски го објави тизерот за својот прв игран филм „Денот на жената“. Станува збор за социјално-ангажиран крими-трилер кој се фокусира на темата трговија со луѓе, со посебен акцент на насилството врз жените. Пораката на филмот е оптимистична – дека, сепак, правдата е посилна од неправдата. Филмот е по сценарио на Цветановски,…
Напишете коментар