
Светски ден на аудиовизуелно наследство
— 27 октомври, 2018Годинешново мото на светскиот ден на аудиовизуелно наследство, под кое се организираат изложби, проекции, предавања и слични настани низ целиот свет е „Твојата приказна во движење”. Светскиот ден на аудиовизуелно наследство се одбележува на 27 октомври, но настаните во негова чест се организираат околу овој датум. Одбележувањето на денот го започна УНЕСКО, а потоа го прифатија и презедоа меѓународните тела што обединуваат организации и асоцијации на филмски архиви, музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудиовизуленото наследство, предводени од Координативниот совет на здруженијата на аудиовизуелни архиви (CCAAA -Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations).
Кинотеката на Македонија по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство ќе ја потсети домашната јавност за вредноста и значењетона националното кинематографско наследство, и потребата истото да се сочува и пренесе на идните генерации.
Содржини:
*Промоција на нова веб-страница на Кинотеката на Македонија
*Промоција на најновиот број на списанието „Кинопис” (бр.51/52, 2017/18)
*Отворање на изложбата „Мис Стон: Помеѓу Елен и Автономија” по повод 60 годишнината од премиерата на филмот „Мис Стон” (1958, р. Жика Митовиќ)
Напишете коментар