„Марија Калас – час“ претстава во МОБ
— 2 ноември, 2018Во Македонската опера и балет во недела, 4.ноември, со почеток во 20.00 часот ќе биде изведена претставата „Марија Калас – час“ – Теренс Мекнели. Претставата е во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2018. Настапуваат: Надежда Рубен, Андреја Наунов, Марија Наумовска, Александра Лазаровска Василевски, Влатко Груевски, Зоран Данилов.
Оперската дива Марија Калас, гламурозна, смртно сериозна од една страна и со доза на сув хумор од друга, држи час по пеење во реномираниот универзитет „Џулиард Скул“во Њујорк. Зависно од настапот на студентите и моменталното расположение, повикано од сеќавањето на сопствениот живот, се однесува потполно непредвидливо.
Вклучувајќи ги нејзините инспирации, стравот да не биде „грдото пајче“, омразата кон нејзините конкурентки, притисокот на првите претстави, триумфот во „Ла Скала“, како и нејзината афера со Аристотел Оназис, кулминира со монолог за нејзиното саможртвување во името на уметноста. Во 1996 год. претставата беше наградена со „Драма Деск Авард“ за најдобра нова драма и „Тони Авард“ за најдобра драма.
Режијата и преводот е на Урсула Хорнер, костимографија Марија Пупучевска, графички дизајн Марија Ветероска, светло дизајн Васко Лисичов.
Автор:
Слични статии
-
-
ПСЕВДОИСТОРИЈАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ СОН
12 јули, 2023 -
ИСТОШТЕНОСТА НА ДУХОТ
22 март, 2023 -
Длабоко фундиран минимализам
6 март, 2023
Последни статии
-
Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“
— 11 март, 2024„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
-
ВРЕДНОСТА НА СПОМЕНИТЕ И НЕДОРАЗБИРАЊЕТО
— 18 февруари, 2024(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
-
ОБЛАК ЧИСТА АКТЕРСКА ИГРА
— 13 февруари, 2024(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…
-
ТРАУМАТА И МЕТАБОЛИТИЧКИОТ АПСОЛУТИЗАМ
— 8 февруари, 2024(Кон претставата „Лимениот барабан“ по романот на Гинтер Грас, во адаптација и режија на Васил Христов, а во продукција на Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија. Главни улоги: Миодраг Драгиќевиќ, Јована Беловиќ, Марко Јанкетиќ, Јоаким Тасиќ, Ива Манојловиќ) Гинтер Грас е круцијален книжевник кој во својата проза ја преврти ракавицата на политичките „реформатори“ и на…
-
ЦИКЛИЧНАТА ПАТЕКА НА ЗАБОРАВЕНАТА ИСТОРИЈА
— 5 февруари, 2024(Кон претставата „Развојниот пат на Боро шивачот“ од Алексаднар Поповиќ во режија на Егон Савин и во продукција на Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија. Главни улоги: Ненад Јездиќ, Радован Вујовиќ, Ирфан Менсур, Бранислав Лечиќ, Небојша Миловановиќ) Необичноста на драмскиот автор Александар Поповиќ лежи во чудните дијалошки лупинзи кои само тангенцијално го допираат апсурдизмот од шеесеттите…
-
Македонскиот режисер Оливер Мицевски со „4.48 Психоза“ се претстави пред данската публика
— 29 јануари, 2024Режисерот Оливер Мицевски вчеравечер ја имаше својата втора премиера во реномираниот Хусет театар во Копенхаген, Данска. Синоќа, пред данската публика, беше одиграна претставата „4.48 Психоза“, по текст на британската драмска авторка Сара Кејн. Текстот ја обработува темата на самоубиството и депресијата и е еден од најпоставуваните драмски текстови во светот. Постановката на Оливер Мицевски на…
-
Во трка за наградата „Роман на годината“ пристигнаа 35 романи
— 21 јануари, 2024На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнаа 35 романи. Жири-комисијата, во состав Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на жирито), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина…
-
ГРЕВОТ И ФАНТАЗМИТЕ
— 18 јануари, 2024(Кон претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен во режија на Нела Витошевиќ и во продукција на Градскиот театар од Љубљана, Словенија. Главни улоги: Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец, Јуриј Древеншек.) Дали Ибзеновата Нора е феминистички апстракт или нејзиниот проблем е институционален кога е во прашање бракот? Ова прашање лебди во воздухот, но сепак…