Култура

Со грант од 91 илјади долари од Амбасадорскиот фонд на САД ќе се санира Чифте Амам

Mинистерот за култура Асаф Адеми и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Џес Бејли, потпишаа Договор за грант кој го доделува Амбасадорскиот фонд за културно наследство на САД за 2018 година  за „Санација на оштетувањата од влага, заштита од навлегување на атмосферска вода, заштита од УВ-зрачење и оградување на културното добро Чифте амам“. Санацијата е зашпчната во јуни оваа година, а се планира да трае 18 месеци и да заврши до крајот на 2019. 

„ Со потпишување на Договорот за грант во износ од 91 000  американски долари, продолжуваме со нашите заложби да му обезбедиме долговечност на овој репрезентативен споменик на културата кој е дел од Националната галерија на Македонија и е во функција на мултимедијален изложбен простор“, рече министерот Адеми.
   Тој додаде дека грантот за Чифте амам е втор грант доделен на Националната галерија на Македонија од Амбасадата на САД во Република Македонија, по првиот во 2010 година кој беше наменет за реконструкција и изведба на дренажен канал на Даут-пашиниот амам.

 

IMG_0175

 

Проектот ќе се одвива во повеќе фази со финансиска партиципација на Министерството за култура во рамките на инвестициски проекти од буџетот на Министерството за 2018 година, во износ од 2 милиони денари и со помош на средства од доделениот грант во висина од 91.000 долари. Чифте амам, објект кој претставува културно наследство под заштита на државата, и кој во невремето во јуни 2017 година беше доведен во исклучителна опасност, целосно ќе биде заштитен. Со поддршката од 1 милиони и 665 илјади денари од Министерството за култура, веќе е инсталирано ново галериско осветлување со најнова технологија, економски оправдана, со мала потрошувачка на електрична енергија, технологија која е ‘пријателска’ за изложените артефакти без штетни влијанија.

Министерот за култура изразувајќи благодарност до амбасадорот Бејли потсети дека заедничката грижа за културното наследство во Република Македонија, со средства од грантовите на Амбасадорскиот фонд за културна заштита на САД, во Република Македонија досега, се потврдува преку  реализација на 13 значајни проекти.

 

IMG_0173

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *