Култура

Горан Стефановски испратен со „Зајди, зајди“ на Сариевски и „Strawberry Fields Forever“ на Битлси

Колеги, пријатели, студенти и неговите најмили присустувале на последното испраќање на македонскиот драмски писател Горан Стефановски кој беше кремиран вчера, петти декември, во Кентербери, Англија, во Бархам Крематориум.

„Се простивме од Горан. Пријатели, колеги, студенти, неговите најмили. Во преполната сала исполнета да последното ќоше, седечки и простум, немаше игла каде да се фрли. Со грутки во стомакот, срцето, солзи во очите и со љубов и почит за Горан. Сите, до еден. Неговите студенти започнаа петиција една од зградите на Универзитетот во Кент каде што беше професор ѕвезда, да го носи неговото име. Горан не дочека со Зајди, зајди. Не испрати со Strawberries field forever. 
Се простивме со Горан. Со национално богатство не може никој да се збогува! А Горан е повеќе од тоа!“ – пренесе режисерот Слободан Унковски на неговиот фејсбук профил.

Стефановски бил испратен со македонската песна „Зајди, зајди“ во изведба одАлександар Сариевски и со Strawberry Fields Forever на „Битлси“. Неговите студенти започнале петиција на една од зградите на Универзитетот во Кент каде што тој беше професор ѕвезда, да го носи неговото име. По желба на Горан Стефановски, пепелта од неговото кремирање, ќе биде расфрлана во водите на Охридското Езеро.

Стефановски е автор на легендарните, популарни и на над 20 јазици преведени драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат. Неговата соработка со режисерот Слободан Унковски, од 1980-те па со децении натаму, создаде претстави кои беа во врвот на театарската уметност во регионот.

Роден во Битола на 27 април 1952, во театарско семејство, дипломец е на англиски јазик и книжевност на Филолошки факултет во Скопје, а магистрирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград. Од 1986 беше професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) од 1979, а од 2004 е и МАНУ. Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“, „Војдан Чернодрински“

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *