Култура

Почина Јован Ристов, основачот на Управата за заштита на културно наследство

Вчера во Скопје ненадејно почина Јован Ристов, на 69 годишна возраст, истакнат правник во сферата на заштитата на културното наследство. Тој е основач и прв директор на Управата за заштита на културното наследство. Ристов беше истакнат правник што се бореше за заштита на културното наследство. Беше основач и прв директор на Управата за заштита на културното наследство, а во текот на кариерата работеше и во Националниот конзерваторски центар на Македонија, како и еден од најистакнатите членови на Македонскиот национален комитет на Синиот штит. Автор е на повеќе книги за споменичното право и за заштитата на културното наследство во Македонија.

Неговите посмртни останки ќе бидат изложени денеска (петок, 7 декември) од 13 до 14 часот во капелата на Градските гробишта Бутел.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *