Култура

Почина Љупка Џундева, тивката дама на македонското актерство

Tеатарската уметност во Македонија денеска загуби уште еден легендарен актер. Почина Љупка Арсова Џундева (1934-2018), тивката дама на македонското актерство, соопшти утринава Македонскиот народен театар.

Џун­де­ва беше оли­це­тво­ре­ние на те­а­тар­ска­та умет­ност кај нас, ко­ја со сво­и­те впе­чат­ли­ви уло­ги и на фил­мот, те­ле­ви­зи­ја­та и на ра­ди­о­то во те­кот на из­ми­на­ти­те 60 го­ди­ни оста­ви не­из­бриш­ли­ва тра­га во ма­ке­дон­ска­та умет­ност и кул­ту­ра. Ја па­ме­ти­ме ка­ко На­та­ли­ја, Сил­ви­ја, Ко­лом­ба, Пор­ци­ја, Ро­за­лин­да, но и ка­ко Ми­ра во „Мир­но ле­то“, по­тоа Ги­на во „Ма­ке­дон­ска кр­ва­ва свад­ба“, Љу­ба во пр­ви­от ма­ке­дон­ски филм „Фро­си­на“, како и во бројни театарски претстави, тв драми, монодрами и радиодрами.

  • Го­ди­ни­те но­сат сми­ре­ност. Чо­век мо­ра и по­крај си­те те­шко­тии што ги до­жи­ву­ва во жи­во­тот – смрт, бо­лест на не­кој најб­ли­зок во се­мејс­тво­то, да сфа­ти, да го нај­де ми­рот во се­бе и да се тру­ди да би­де по­до­бар чо­век, велеше Џундева.

„Со голема болка и огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Љупка Арсова Џундева,  Таа секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот ентузијазам и копнеж по театарската сцена, но и нежниот и милозвучен карактер, безвременска убавина, романтична појава и жесток став во негувањето на звучниот мајчин јазик ја направиле миленичка на театарските режисери, но и на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Во Македонскиот народен театар работеше во текот на целиот свој професионален живот од 1951 до 1990 година, кога замина во пензија. Нејзината последна улога на сцената на МНТ се случи во 2015 година, како Марина во претставата „Вујко Вања“ од Чехов во режија на Зоја Бузалковска. Љупка знаеше да каже дека треба да се најде мирот и љубовта кон луѓето, и колку што е можно човек треба да му се радува на животот.

„Ние сме многу малку гости на овој свет“, знаеше нашата Буба. „Човек треба да се научи прво да си ги прости своите грешки самиот на себе, а потоа да ги прости и на другите. Кога ќе простиш, ќе го најдеш својот мир и ќе се ослободиш““, велат од МНТ.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *