Култура

Ритамот и звукот на Африка: кон корените на светската музика – предавање во Музеј на Македонија

Утре, петти декември, во Музејот на Македонија ќе се одржи предавање на  доц. д-р Велика Стојкова Серафимовска со наслов „Ритамот и звукот на Африка: кон корените на светската музика“. Предавањето ќе биде прошетка низ африканската музичка традиција, преку претставување на различни ритуални практики во кои ритамот, музиката и танцот се дел од синкретичните обреди, која по своите карактеристики се извдвојува како една од најстарите, најзачуваните и најразновидните во светот, а која и понатаму влијае на многу светски цивилизации и традиционални култури. Предавањето ќе се одржи како дел од изложбата „Духовите на Африка“.

Истражувањата на уникатната полиритмика и полифонија на африканската ритуална музика од страна на светски етномузиколози и антрополози, ја позиционираат Арфика во срцето на светската музика, од каде понатаму се развиле различни форми и жанрови. Истовремено, спецификите на ритуалите, кои и денес се задржани длабоко во традициите на африканските народи и заедници, ја впишуваат Африка и нејзината исклучително богата и разновидна традиционална култура на УНЕСКО-вите листи на нематеријално културно наследство на човештвото, каде Арфика има посебен третман и статус.

Доц. д-р Велика Стојкова Серафимовска е УНЕСКО-ов експерт за нематеријално културно наследство и етномузиколог во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ (УКИМ) во Скопје.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *