Култура

Село во Велика Британија докажа дека може да се живее без пластика

Селото Аберпор се наоѓа на прекрасниот брег на Кередигион во Западен Велс, оддалечено 50 минути од најблиската железничка станица. Со векови ова било раздвижено рибарско село, место за рибарите и морските херои. Денес, останал само еден рибарски брод – сончев жолт траулер наречен “Шон на креветот” – гробишта полни со морнари, неколку продавници, еден напуштен хотел, еден паб и  население чија бројка континуирано се намалува. Во лето, ова е прекрасно место, но во текот на зимата студот ниту малку не е пријатен а воздухот е исполнет со мирис на чад од јаглен и морски спреј. Галебите летаат на празната плажа, испуштајќи ги нивните звуци, селото има малку луѓе а кафулињата се затворени до Велигден. Но ова село го сврте вниманието на јавноста и стана пример за тоа како треба да се биде организиран во намерата да се исчисти животната средина од непотребно ѓубре. Аберпорт се најде на насловните страници на сите важни медиуми поради настојувањето да стане прво село во Велс и едно од првите во Велика Британија целосно исчистено од пластика, пишува Дејли мејл“. 
Бидејќи, малку места во Велика Британија можат да се пофалат дека се чисти од пластичен отпад и воопшто од пластика.  Жителите се комплетно посветени на својата цел, па дури и тоа да значи одредени трошоци кои самите треба да ги поднесат. 
Оваа кампања е важна и поради тоа што Кина неодамна најави дека повеќе нема да ја презема пластиката од Велика Британија, по што се појави загриженост дека островската земја не ќе може да ја рециклира својата пластика, односно 500-те илјади тони годишно. 
Во меѓувреме, луѓето почнаа да ја исклучуваат пластиката од секојдневната употреба, па така едно семејство кое води локална сендвичарница престанало да употребува пластични цевчиња и пластичен прибор за храна. Друг сопственик на бизнис го отфрлил користењето млеко во пластична амбалажа и се пренасочил на млеко во стаклен сад што чини 20 проценти повеќе. Но, тоа не ги колеба да си ја платат драстичната разлика. 
Во едно кафуле пластичниот прибор го замениле со дрвен, кој е многу поскап, а своите гости ги поттикнувале со себе да си носат личен прибор за храна. „Ништо нема да нè чини ако повторно почнеме да миеме садови, нели?“
Селото целосно го забрани пластичниот прибор за храна, а дури и црквата соработува во промовирањето на новиот стил на живот. Поштата и аптеката почнале да користат свои хартиени вреќи, а селската управа одлучила да постави фонтани за вода за пиење со цел никој да не купува вода во пластични шишиња. 
Секоја година во морето се фрлаат осум милиони тони пластика, а ако трендот продолжи, во морето ќе има повеќе пластика отколку животински и растителен свет. 
Едно неодамнешно истражување покажало дека пластика може да се најде и на дното на Маријанскиот Ров, значи околу десет километри во морето. 
Ужасната од количината пластика во морето, Гајл прво се обидела да го придобие локалното население. Првиот чекор бил чистење на плажата во Аберпорт, која набрзо станала една од најчистите во Велика Британија. Набрзо потоа добиле сино знаме и многубројни други награди за најчиста плажа. 
Во проектот се вклучило и основното училиште, каде што формирале „одред за ѓубре“. Повеќе никој во Аберпорт не оди на прошетка без вреќа за ѓубре во која ги собираат отпадоците. На организираното чистење се собираат и до 200 луѓе. 
„Пресвртен момент во свеста на луѓето за опасноста од пластиката во морето беше документарниот филм на Дејвид Атенборо – ’Сина планета‘, во кој е прикажана желка заплеткана во пластика. Од тој момент сè се промени“, рекла Су Луис, една од жителите на Аберпорт. „Потоа се формираше и одборот за Аберпорт чист од пластика и работите почнаа да се придвижуваат.“
На проектот на жителите на Аберпорт им се придружиле и војниците од околните бази за тестирање оружје, кои и самите престанале да користат пластична амбалажа и прибор за јадење.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *