Култура

Доделени Оскарите: „Зелена книга“ најдобар филм, Рами Малек најдобар актер

На најголемата холивудска ноќ, ноќ на доделување на „Оскарите“, американската Академија за филмски уметности Оскарот за најдобар филм му го додели на филмот „Зелена книга“,којшто раскажува приказна за црн пијанист. 

 Еден од фаворитите за најдобар филм беше „Рома“ на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, кој доби Оскари за најдобар странски филм и за фотографија. Покрај овие награди Алфонсо Куарон, кој  има  освоено Оскар за најдобар режисер во 2014 за остварувањето „Гравитација”, и оваа година ја доби наградата во истата категорија за филмот „Рома”. Најдобра актерка е Оливија Колман за улогата во филмот „Миленичка”, а Оскарот за најдобар актер го освои Рами Малек за толкувањерто на Фреди Меркјури во „Боемска Рапсодија”. Оскар за најдобра песна ја доби наладата  „Shallow” од филмот „Ѕвездата е родена” која беше изведена на доделувањето на Оскарите во Долби театарот од страна на дуетот  Лејди Гага и Бредли Купер кои во живо ја изведоа баладата.

Еве ги добитниците на Оскарите во неколку категории:

Најдобар филм – „Green Book”

Режисер – Алфонсо Куарон за „Roma”

Актер –  Рами Малек за „Боемска Рапсодија”

Актерка – Оливија Колман, „Миленичка”

Актер во споредна улога – Махершала Али „Green Book”

Актерка во споредна улога – Реџина Кинг „If Beale Street Could Talk”

Оригинално сценарио – „Green Book”

Адаптирано сценарио – „BlackKklansman”

Странски филм – „Roma”

Долгометражен анимиран филм – „Spider-Man: Into the Spider-Verse”

Звук – „Боемска Рапсодија”

Визуелни ефекти – „First Man”

Филмска монтажа – „Боемска Рапсодија”

Краткометражен анимиран филм – „Bao”

Краткометражен документарец – „Period. End of Sentence.”

Оригинална песна – „Shallow” од „Ѕвездата е родена”

Кинематографија – „Roma”

Костими – „Black Panther”

Шминка и фризура – „Vice”

Долгометражен дукоментарец – „Free Solo”

Tagged with:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *