Култура

Во турската провинција Дијарбакир, пронајдена Библија, стара 12 века

Библија стара 1.200 години пронајдена е во турската провинција Дијарбакир, за време на акција против организиран шверц на вредни историски наоди, објавија властите на оваа покраина.

Тројца осомничени се уапсени во понеделникот, при обидот да ја продадат древната книга во градот Кајапинин, се вели во соопштението од канцеларијата на гувернерот на Дијарбакир. Вредната Библија има вкупно 34 страници испишани со злато. Од канцеларијата на гувернерот соопштија дека во притвор завршиле шестмина осомничени, но не се откриваат детали.

Регионот е познат по своите бројни свети места во кои престојувале христијани, а турската влада долго време се обидува да ги потисне обидите за шверц на скапоцени артефакти.

Секоја година се спроведува серија операции против организираниот шверц на вредни историски предмети за да се спречи нивната продажба и да се заштити богатото културно наследство на земјата. Ваквите активности се исклучително важни за Турција, земја со околу 3 000 древни градови во кои опстојувале четириесет и две цивилизации. Турскиот туризам се потпира на богатото историско наследство во обид да привлече милиони посетители секоја година.

Извор:Daily news

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *