Култура

Европски денови на културното наследство 2019 – Креатор на наследство којшто го бараме!

Нашата земја од оваа година се приклучува кон реализацијата на проектот „Европски креартори на културно наследство“. Проектот е започнат од 11 март и ќе трае до 14 мај 2019 година. Она што започна како „Креатори на културно наследство“ во Финска во 2013 година и беше прифатено како прекугранична активност од 2014 година наваму, беше препознаено од страна на Собранието на ЕДКН како иновативна и одржлива можност за активно ангажирање на најмладите. Децата и младите луѓе имаат клучна улога во иднината на заштитата и промовирањето на културното наследство и го претставуваат најзначајниот ресурс за креативни идеи и воопшто, за придонесот кон културата. Музејот на Република Северна Македонија ги повикува сите деца и млади луѓе од 12 до 18 години да го разгледаат и истражат наследството во својата околина и да ја раскажат својата приказна. Повеќе информации за проектот и начинот на аплицирање може да се најдат на следниот линк:

https://www.europeanheritagedays.com/Event/db09c/European-Heritage-Makers-Week-in-North-Macedonia-2019 .

Покрај тоа, Европските денови на културното наследство го објавуваат и повикот за „Европска приказна за културното наследство“, наменет за возрасните граѓани на Европа. Повикот е веќе отворен и аплицирањето за учество со испраќање на приказна ќе трае до 18 април 2018 година. Повеќе информации за повикот може да се најдат на веб-страницата http://www.europeanheritagedays.com/Story .

Ако сте личност на возраст од 12 до 18 години и ако сте заинтересирани за разгледување, истражување и доживување на околината и наследството околу вас, тогаш вие сте вистинскиот „Креатор на наследство којшто го бараме! Се што треба да направите е да побарате од вашиот родител или законски старател да постави слика или видео од наследството што сте го одбрале и кратка информација за вас (вклучително и името и возраста) преку веб-страницата на ЕДКН (EHD) и вашата приказна ќе биде објавена на EHD Portal (порталот на ЕДКН).

Со цел вашата приказна да биде промовирана, ви даваме на знаење дека приказните треба да бидат поднесени во присуство и со асистенција од страна на родител, законски старател, наставник, музејски едукатор, итн. Еве ги и објаснувањата како тоа да се направи:

Чекор еден: Одете до делот Visitor Book (Книга на посетители) на оваа страница

Чекор два: Кликнете на копчето Share your story (Споделете ја вашата приказна)

Чекор три: Пополнете ги бараните податоци и испратете ја приказната

Кратко време по поставување на приказната, Националниот координатор на вашата држава ќе ја одобри приказната и вие ќе можете да ја видите вашата приказна во Visitor book.

Деталните правила за учество можете да ги најдете нa https://www.europeanheritagedays.com/Event/db09c/European-Heritage-Makers-Week-in-North-Macedonia-2019 .

Откако вашата приказна ќе биде објавена на веб-страницата, споделете ја на социјалните мрежи и инофрмирајте ги сите дека сте дел од тимот на #Heritage Makers – #Креатори  на културно наследство!

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *