Култура

Почина пејачот на „Продиџи“, Кит Флинт (ВИДЕО)

Фронтменот на групата „Продиџи“ Кит Флинт почина во 50-та година од неговиот живот во својот дом во Есекс, Англија. Пејачот се самоубил, по што британските медиуми ја пренесуваат изјавата на полицијата дека смртта на фронтменот на „Продиџи“ не се смета за сомнителен случај. 

 

 

Продиџи е една од ретките групи која успеа да стекне светска популарност иако започнала од британската андерграунд рејв сцена кон почетокот на 90-тите години на минатиот век. Флинт стана икона на британската музичка сцена, благодарение на енергичните настапи и впечатливиот изглед со специфична фризура и мноштво тетоважи и пирсеви.

 Портпаролот на тамошната полиција потврди дека Флинт е починат и истакна дека смртта не се смета за сомнителна. Кит Флинд е роден на 17 септември 1969 година. Препознатлив по неговата флуоресцентна коса, овој музичар ги испеа најпознатите песни на бендот, „Breathe“ и „Firestarter“.  „Продиџи“ неколку пати настапи во Македонија и е еден од омилените бендови на многу генерации.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *