Култура

Годинешниот 72. Кански филмски фестивал ќе го отвори филмот на Џим Џармуш „Мртвиот не умира“

Годинешниот 72. Кански филмски фестивал ќе го отвори филмот на  Џим Џармуш „Мртвиот не умира“.  Годинава од големите имиња кои доаѓаат со свои филмови во Кан се Теренс Малик („Скриен живот“), Педро Алмодовар („Болка и слава“), Кен Лоуч („Извинете што ве промашивме“), браќата Дарден („Младиот Ахмед“ и Марко Белокио („Предавник“). На Канскиот естивал годинава, кој ќе се одржи од 14 до 25 мај во селекцијата за Златната палма ќе се натпреваруваат четири режисерки. Се уште се очекува да пристигне филмот на  Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“, кој, е во фаза на монтирање. 

На годинешниот Кан се и канадскиот режисер Ксавиер Долан, кој пред три години ја подели наградата Гран при на жирито со Жан-Лик Годар, се враќа со „Матијас и Максим“, Французинот Арно Деплешан ќе се натпреварува со „О, милост!“, а Романецот Корнелиу Порумбоју со „Свиркачите“.

И оваа година нема филмови на „Нетфликс“ во трка за наградите, а како заштитно лице е избрана неодамна починатата француска режисерка Ањес Варда, чиј лик се наоѓа на плакатот.
Годинава со жирито на годинашниот Кански филмски фестивал ќе претседава четирикратниот оскаровец Алехандро Ињариту.  Мексиканскиот режисер, кој ги доби оскарите во 2014 и 2015 година за „Човек птица“ и за „Повратник“, вели дека е почестен со дадената улога на фестивалот.
„Кан е фестивалот што има голема важност за мене уште од почетоците на мојата кариера. Почестен сум и возбуден што се враќам на фестивалот оваа година и ќе ми биде огромна чест да претседавам со жирито. Филмот тече низ вените на оваа планета, а овој фестивал е нејзиното срце“, изјави Ињариту, кој досега има освоено пет награди во Кан.

Паралелните програми 15 дена на авторите (Кензен) и Недела на критиката, што се одржуваат истовремено со фестивалот но технички се вон официјалната селекција, ќе ја објават својата селекција на крајот на месецов.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *