
Пронајден материјал кој ќе ги замени пластичните кеси
— 10 април, 2019Влегувањето и гомилање на пластични отпадоци во нашите океани, денес е главен но и се поголем проблем. Пластиката го сочинува поголемиот дел од отпадокот пронајден во морињата и ако не се отстрани, таа ќе биде таму со децении, попречувајќи го и загрозувајќи го нормалното живеење на водниот животински свет. Проценките се разликуваат, но повеќе од 100 милиони тони пластика се наоѓа во океаните.
Секоја година се произведуваат милиони тони пластика, а половина од нив се предмети за еднократна употреба што се користат само еднаш, но остануваат во природата стотици години. Затоа, крајно време е човештвото да го реши проблемот со трупање на пластика на целата планета Земја. Се почести се слоганите од типот! Ние можеме да го решиме проблемот со пластиката“ којашто прозвучува како една порака која носи надеж и охрабрување да се работи похрабро и поинтензивно на овој проблем.
А и проблемот е веќе голем, толку колку што ни укажуваат мртвите животни од океаните и морињата, како резултат на проголтана пластика или заробении во неа. Така што решавањето на овој проблем и пронаоѓањето начини за негово решавање стана приоритет број еден. Бидејќи времето на разградување на пластични сламки е 200 години, додека на пластичните шишиња им е потребно 400 години за да ги снема. Затоа, пронаоѓањето на материјал, што ќе биде лесно разградлив и којшто ќе ја замени пластиката, е клучниот услов во успешното решавање на проблемот со загадувањето. Така, Израелката, Шерон Барак, хемиски инженер, пронајде начин да го намали периодот на распаѓање на пластиката од векови во минути. Таа создаде материјал што изгледа и функционира како пластика, но се разградува во вода за неколку минути, не наштетувајќи на природата.
Таа и нејзиниот тим поминале многу време мешајќи различни компоненти додека конечно не ја пронашле вистинската формула. „Лажната“ пластика што ја создаде Шерон содржи 100 отсто еколошки материјали што лесно се раствораат во вода и стануваат дел од природата. Кесата направена од овој материјал ќе стане дел од океанот за само неколку минути, не претставувајќи закана за морскиот свет, за разлика од обичната пластична кеса. Како што се вели на веб-страницата на тимот, процесот на производство на овој материјал не е комплициран – обичната машина за производство на пластични кеси може да се приспособи за да го произведе овој иновативен материјал за зачувување на океаните.

Шерон гледа огромен потенцијал во оваа биоразградлива пластична замена. Може да се користи за пакување на храната, производство на шишиња и други цели за кои се користи редовната пластика. Шерон и нејзиниот тим работат напорно за воведување на нивниот пронајдок во светот и веруваат дека масовното производство на еколошки „лажна“ пластика ќе го направи светот подобро место за живеење.
Автор:
Слични статии
-
-
Зелен свет
3 јуни, 2019 -
Зелен свет
2 јуни, 2019 -
Последни статии
-
Рефрени, сенки и мигови
— 26 јануари, 2021(Кон збирката раскази „Во главата слушам песна“ од Елизабета Баковска во издание на Или-Или, Скопје, 2020 година) Стиховите од песните остануваат како семиотичка сенка во нашата свест, а кога ќе престанеме да ги слушаме тие песни остануваат како прилепено животно искуство од кое не сакаме да се одвоиме затоа што тоа е тоа што не…
-
На конкурсот за наградата „Роман на годината“ се пријавија 40 романи
— 25 јануари, 2021Во средата, на 20 јануари се конституираше жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културни вредности „Славко Јаневски“. Жири-комисијата е во состав: Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата). Жири-комисијата ќе направи…
-
Почина актерката Мира Фурлан на 65 години
— 23 јануари, 2021Познатата филмска и театарска актерка Мира Фурлан почина на 65-годишна возраст, во средата, 20 јануари. Фурлан е родена во Загреб на 7 септември 1955 година. Отпрвин, таа беше истакната актерка во Хрватскиот народен театар во Загреб, но во 80-тите години стана една од најпрепознатливите и најавтентични југословенски филмски актерки. Во тој период од нејзината работа таа…
-
Почина американскиот водител Лери Кинг
— 23 јануари, 2021Aмериканскиот водител Лери Кинг, чии интервјуа со светски лидери, филмски sвезди и обични луѓе помагаа во дефинирањето на американскиот дијалог половина век, почина денеска на 87 годишна возраст. Причината за неговата смрт не е соопштена. На 4 јануари беше објавено дека Кинг е позитивен на ковид- 19. Кинг починал во медицински центар во Лос Анџелес,…
-
МНТ со меѓународен проект „Патишта на хероите“, ќе го истражува значењето на поединецот врз општеството
— 23 јануари, 2021Македонскиот народен театар стартува со меѓународниот проект „Патиштата на хероите“ во кој се вклучени и шест организации, од кои пет се од партнерските земји: Ла Драматурџи 0д Италија, Лооп Амке од Грција, од Босна и Херцеговина учествува Студио Театар, Институт за театарска игра од Словенија и од Србија, Ехо Анимато. Од Македонија е вклучена издавачката…
-
Почина актерот Љупчо Тодоровски-Упа
— 22 јануари, 2021Роден е во Скопје, на 2 мај 1956 година и е еден од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломирал актерство кај проф. Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапувал во Драмскиот театар во Скопје. По Академијата, заминал за Белград, каде што останал 10 години. Филмови: 2002 ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА; кастинг директор, ПРИСТОП, Скопје…
-
Глобални заложби против климатските промени: Што понатаму?
— 22 јануари, 2021Измина еден месец откако светот се обедини на Самитот за климатски амбиции на 12 декември минатата година, каде домаќини беа Велика Британија, ООН и Франција заедно со нашите партнери Италија и Чиле. Беше тешка година, со оглед на тоа што земјите низ целиот свет се бореа со последиците од КОВИД-19. Но, пандемијата не ја запре…
-
Гоце Цветановски го објави првиот тизер за филмот „Денот на жената“ (видео)
— 21 јануари, 2021Режисерот и сценарист Гоце Цветановски го објави тизерот за својот прв игран филм „Денот на жената“. Станува збор за социјално-ангажиран крими-трилер кој се фокусира на темата трговија со луѓе, со посебен акцент на насилството врз жените. Пораката на филмот е оптимистична – дека, сепак, правдата е посилна од неправдата. Филмот е по сценарио на Цветановски,…
Напишете коментар