Култура

Помош од сите страни: За обнова на катедралата Нотр Дам понудени 600 милиони евра (ВИДЕО)

Обвинителството во Париз поведе истрага за причините коишто доведоа до пожарот во кој изгореа делови од средновековната катедрала Нотр Дам. Веднаш по гаснењето на пожарот се јавија многу француски компании и деловни луѓе кои понудиле пари за обнова на една од најпознатите градби во Париз.

Парискиот јавен обвинител Реми Хејс, изјавил дека во овој момент се уште не е позната причината за пожарот, и дека се верува дека тој настанал како резултат на „несреќен случај“. Околу 50 инспектори работат на случајот и се очекува истрагата да биде долга и сложена, изјавил обвинителот, пренесува ББС.

Се претпоставува дека причината би можела да биде поврзана со работите коишто се вршат на реновирање на катедралата. Пожарникарите успеале дури после 15 часа да ја изгаснат огнената стихија.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека средновековната катедрала ќе биде обновена, а поголем број на француски компании и богати деловни луѓе понудиле финансиска помош. До сега се ветени 600 милиони евра. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ги повика земјите на Европската Унија да и помогнат на Франција.

Камената основа на катедралата стара 850 години остана сочувана, како и двете кули, но, кровот и камбанаријата изгореа во пожарот. Се очекува пожарот да биде целосно изгаснат за неколку дена.

Колкава е штетата?

Надлежните служби почнаа да ја проценуваат штетата. Целиот покрив е уништен. Кулата повеќе не постои, а се срушил и дел од куполата. Сепак можело и да биде уште полошо. Францускиот министер за култура Франк Ристе, изјавил дека градбата е нестабилна, и покрај тоа што структурата останала негибната. Заменикот министер на внатрешните работи, Лоран Нуњез, изјавил дека постојат одредени нестабилни точки во камените куполи на катедралата и во она што останало од покривот. Стручните лица уште не добија шанса да влезат во катедралата поради безбедносни причини.

Катедралата Нотр Дам секоја година ја посетуваат повеќе од милион посетители.  Претседателот на Француска Емануел Макрон поради пожарот нво катедралата го откажал планираното обраќање на нацијата. 

 

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *