Култура

Прв настан од новиот шроект на МКЦ за промовирање млади таленти

Младинскиот културен центар, утревечер, со почеток во 20 часот, го организира првиот настан од новиот проект, наречен „Сирова култура“, кој МКЦ го стартуваше со идеја на младите и талентирани артисти да им отстапи простор и време да ги претстават своите дела.
„Сирова култура“ ќе се случува неколку пати годишно, со повик за аплицирање и со еднодневен настан на кој ќе учествуваат селектираните артисти. На првиот повик за „Сирова култура“ пристигнаа точно 60 апликации. Од нив, тимот при МКЦ направи селекција од дваесетина апликанти, чии дела ќе можат да се видат и слушнат утревечер,  сабота 6-ти април, од 20 часот. 
Во првата епизода на „Сирова култура“ учествуваат:
Стојковска Ангела, Андреј Павлов, Гаја Смилевска, Ѓорѓи Динев, СЕЕРма, Ико Илиевски, Кристина Карапеоска, Сачи Ертунц, Стефан Младеновски, Стефанија Бетоска, Бригада 3, Minstrel’s Gallery, Игор Младеновиќ, – Флоре, Дактили, Мартин Петковски, Вероника Димоска, Викторија Ангеловска, Георгина Петреска, Кристина Павлеска, Мануела Златкова, Михаил Куртески и Николинка Митрева.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *