Култура

Се продава пијаното на Џон Ленон на кое тој го напиша осмиот албум на „Битлси“

Пијаното на Џон Ленон на кое тој го напиша осмиот студиски албум на „Битлси“ – „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“ оди на интернет-аукција.
Тоа е истото пијано што Ленон го чувал во својата куќа на улицата „Сент Џорџ“ во Вејбриџ. Според шпекулациите, тој имал барем две пијана, но ова му било омилено. Произведено е во 1872 година и е дело на „Џон Броудвуд енд сонс“, чии претходни клиенти биле и Моцарт и Бетовен. 
На музичкиот инструмент има мала белешка: „На ова пијано се напишани песните: „A Day in the Life“, „Lucy in the Sky with Diamonds“, „Good Morning, Good Morning“, „Being for the Benefit of Mr. Kite“ и многу други. (Џон Ленон 1971) 
Интернет-наддавањето ќе почне на 10 април и ќе трае до 19 април. Првичната сума е 575.000 долари и се очекува да достигне до 1,2 милион долари. За споредба, пијаното на Ленон на кое е отсвирена песната „Imagine” во 2000 г. е продадено за 1,7 милион долари, а купувач беше Џорџ Мајкл. 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *