Култура

Националната галерија одлучи да не се отвори изложбата на Горјан Ѓорѓиев, закажана за утре

Најавената изложба на Горјан Ѓорѓиев, што требаше да биде отворена утре во Мултимедијалниот центар Мала станица, нема да се одржи. Проектот за оваа изложба добил средства за нејзино реализирање на Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес за 2019 година што беше распишан во Министерството за култура. И покрај тоа што изложбата била договорена со раководството на Националната галерија да биде отворена во Мултимедијалниот центар Мала станица, раководството на Националната Галерија одлучило четири дена пред нејзинотоо отворање, да го повика авторот за да потпише изјава за изнајмување на простор во висина од 6700 денари. Авторот се обрати преку социјалните мрежи за да ги извести пријателите и љубителите на неговата уметност дека нема да се одржи изложбата. Тој напиша дека како пречка се појавиле низа правни недоследности: 

  • До моите драги и убави луѓе
    Мојата изложба во Национална галерија на 18 мај нема да се одржи.
    Причини: 1.Правно неосновано И ЗАДОЦНЕТО БАРАЊЕ НА ПАРИ од страна на управата на Национална галерија:
    -Четири дена пред отворање ми се јавија да потпишам изјава за изнајмување на просторот (6 700.00 денари ) за изведба на изложбата . Напоменувам, овој проект беше одобрен од Министерството за култура.
    2.Игнорантскo хејтерски и непрофесионален пристап.
    Да не бидам патетичен бикот во мене го нема тој епитет.
    И, да не останам должен… еве пример, направен во фотошоп, од припремата, направен од мали скици, за отприлика да се види како требаше да изгледа отворањето на настанот на кој требаше во живо да ги остварам скицираните дела. ОГРОМНО ИЗВИНУВАЊЕ ДО ЉУБИТЕЛИТЕ НА МОЈАТА УМЕТНОСТ. Нека биде бикот и сонцето во вашите срца.
    Горјан

Решение од Министерството за култура за финансирање на изложбата Дијагонална експресија на Горјан Ѓорѓиев

 

Вака требаше да изгледа изложбата Дијагонална експресија

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *