Култура

Охридско Езеро е едно од најранливите слатководни површини во цела Европа -климатската криза е вонредна состојба

Според истражувањата, Охридско Езеро е едно од најранливите слатководни површини во цела Европа кога станува збор за климатски промени (Markovic et al, 2017). Хранливите материи, како на пример, присуството на фосфор (најголемиот загадувач на езерото) мора да се намали за 50% во следните години. Во спротивно под влијание на климатските промени, процесите на еутрофикација ќе се забрзаат. Тоа би довело до создавање „мртви зони“, зони без кислород во езерото (Matzinger et al, 2007). Од друга стана микроклимата која Охридско Езеро ја одржува со релативно пониски температури и повисока влажност ќе овозможи регионот да служи како прибежиште за животинските и растителните видови на копно во услови на климатски промени. Езерото веќе има историја на извршување на оваа функција за што доказ е Студенчишкото Блато (Спировска et al, 2012). Езерото низ милениумите овозможило да се одржи животот околу него дури и во услови на екстремно суви или студени климатски периоди (Sadori et al, 2016). Ова ќе биде возможно и во иднина исклучиво доколку се запре понатамошната деградација на Езерото, Блатото и регионот. Во спротивно, свесно создаваме животна средина во која ќе има сѐ помалку услови за живот.

* * * * *

„Климатската криза мора да ја наречеме тоа што во суштина е – вонредна состојба, не некоја „обична“ итност. Ова е најстрашната криза со која човештвото се има соочено досега!

Политичарите во еден момент ни велат: „Климатските промени се многу важна тема, ако не и најважната. Ќе сториме сѐ што е во наша моќ да ги спречиме”, за веќе во следниот момент да прошируваат аеродроми, да градат нови термоелектрани на јаглен и нови автопати, и на крај да одлетаат во својот приватен авион на состанок на другата страна од светот. Така не се однесува во кризна состојба!

Предолго политичарите поминуваа неказнето иако само зборуваа и не преземаа ништо да ја спречат оваа катастрофа.
Предолго политичарите поминуваа неказнето иако ни ја крадеа иднината и ни ја продаваа за профит.

Но, ние младите, се будиме и ви ветуваме дека
ниеден од вас повеќе нема да помине неказнето!“ 
Greta Thunberg

#WorldEnvironmentDay
#ClimateStrike
#OhridSOS

Преземено од Охрид СОС

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *