Култура

Се помалку зеленило во Охрид накај Горица, почнувајќи од огромните стебла покрај старата патека, кај дивите плажи, се до „Парк“

 Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, се огласи во јавноста со апел до општината Охрид, да биде транспарентна во нејзиното работење, особено кога се работи за градежни активности  во кои сече децениски стебла. Се работи за патеката до Горица, која била започната да се гради во времето на претходниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, а се довршува сега. Од Граѓанската иницијатива СОС велат дека од општината немало никакво известување зошто се сечат дрвјата, за колку стебла се работи, дали постоела некоја друга алтернатива, отсуствувала комуникација со јавноста и со стручни лица. Изминатава деценија етапно исчезнува зелениот појас на овој потег, почнувајќи од огромните стебла покрај старата патека, преку редуцирање на оние кај дивите плажи каде се изградија угостителски објекти, па сè до некогашниот хотел „Парк“. Во очекување на информација од надлежните, потсетуваме дека не ни е одговорено на барањето информација од јавен карактер за сечата кај ЕМО, иако поминаа две седмици. 

„Рекоа – старо е стеблото, се измачува, 
треба да се исече.
И го исекоа, го корнеа, со копачи, со сила.

Патеката до Горица, надградена и проширена, која беше започната во мандатот на Никола Бакрачески, се довршува во новиот мандат на Константин Георгиески – официјална страна. За жал, попусто се надеваме и апелираме на транспарентност од Општина Охрид, во случајов пред сечата на поголем број децениски стебла, немаше никакво известување, соопштение, зошто се сечат, за колку стебла се работи, немаше ли поинаква алтернатива. Отсуствуваше консултација со јавноста, со стручни лица. Во очекување на информација од надлежните, потсетуваме дека не ни е одговорено на барањето информација од јавен карактер за сечата кај ЕМО, иако поминаа две седмици. Изминатава деценија етапно исчезнува зелениот појас на овој потег, почнувајќи од огромните стебла покрај старата патека, преку редуцирање на оние кај дивите плажи каде се изградија угостителски објекти, па сè до некогашниот хотел „Парк“, каде своевремено само една мала група наши сограѓани со денови протестираше и престојуваше на локацијата, за да со сила бидат отстранети и дрвјата сепак исечени.

Фотографии: Охрид СОС

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *