Култура

Скопје е град на солидарноста – пунктови, за да им се помогне на Шведска која увезува ѓубре

Скопје е град на солидарноста artivisti.mk 

Поттикнати од последните анализи и истражувања дека во поголем дел од Шведска воопшто нема ѓубре и затоа го увезува од странство за да ги продолжи процесите на рециклирање со кои произведува огромни количества електрична енергија и гориво, Единицата за брзи артивистички акции на повеќе локации во главниот град постави канти за ѓубре или таканаречени солидарни пунктови со цел да и’ помогне на оваа скандинавска земја.
Со оваа акција би сакале да ги мотивираме нашите граѓани да бидат солидарни со пријателската Шведска и воедно да размислиме за нашата повеќедецениска традиција на фрлање и трупање ѓубре насекаде. 
За потсетување, уште од почетокот на 90-тите години, Шведска применува сеопфатен систем за селектирање и рециклирање на отпадот. Низ ревидирање на законската рамка и во тесна соработка со стопанството и граѓаните, Шведска направи еколошки свесно општество.
Затоа пак, кај нас мака мачиме со собирање на ѓубрето, појавувањето на бројни диви депонии, ѓубре низ природата и насекаде каде што поминало неговото височество Човекот. 
Оттаму, апелираме до локалната и централната власт да обезбедат: – ефективен систем за рециклирање и заштита на животната средина; – почитување на законите;
– постојана едукација и подигање на свеста;
– оптимален број на канти за ѓубре за селекција на отпадот; – редовно празнење и сервисирање на веќе поставените, оштетени канти за ѓубре и контејнери (од користење или негрижа).

До граѓаните апелираме – на ѓубрето местото му е во канта!
Скопје не заборава дека е град на солидарноста!
Драги сограѓани, сега е моментот да се обединиме и да му помогнеме на братскиот шведски народ!!!

тоа што најмногу недостасува е немањето свесност и совесност за заедничко живеење и функционирање во еден град и потребата за индивидуална и општествена одговорност. 
Во недостаток на сериозен акциски план за решавање на овие проблеми сметаме дека како единица ја имаме таа општествена одговорност да реагираме на овие процеси и сметаме дека со оваа акција можеме да допринесеме кон подобрување на состојбите во урбана култура. 
Налепниците за неправилно паркирани коли се директна акција кон луѓето кои ги кршат правилата.

 

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *