Култура

Зелен свет

Во време на криза и катастрофа, децата често се принудени брзо да пораснат. Денес, сведочиме на ова преран повик за акција на планетарно ниво. Додака возрасните луѓе на власт ја забрзуваат потрошувачката на фосилни горива, децата водат кампања против опасноста од изумирање на нашиот вид. Сега опстанокот ни зависи од создавање глобално движење кое би ги контролирало националните влади и би барало Меѓународен зелен њу дил.

Неколку држави предложија свои верзии на еден њу дил. Овде во Европа, DiEM25 и нашата коалиција „Европска пролет“ водат кампања под знамето на деталната агенда на Зелениот њу дил. Во Обединетото кралство започната е нова кампања која застапува слична регулатива со пратениците како Каролина Лукас и Клајв Луис. Во Америка неуморните активисти од движењето „Sunrise“ соработуваат со пратеници како Александрија Оаказио – Кортез за да го протуркаат својот предлог до врвот на политичката агенда. Сите овие кампањи најчесто се изолирани. Нивните советници можеби разменуваат коментари и идеи, но сè уште нема стратегија која сите тие кампањи би ги координирала во поширока глобална рамка.

За жал. Климатските промени не познаваат граници. САД е втор најголем загадувач во светот, но компензира за помалку од 15 отсто од глобалните емисии на гасови на стаклената градина. Лидерството со пример, едноставно веќе не е доволно. Наместо тоа, потребен ни е Меѓународен зелен њу дил, прагматичен план за тоа како секоја година да се соберат по осум трилиони долари или 5 отсто од глобалниот GDP, да се координираат вложувањата на тие суми во обновлива енергија и да се посветиме на заштитата на климата врз основа на потребите, а не на можностите на одделните држави.

Да го наречеме тоа Организација за итна еколошка соработка. Додеку многу американски активисти наоѓаат инспирација во „мобилизација во стилот на Втората светска војна“, Меѓународниот зелен њу дил повеќе би требало да се обликува по примерот на поствоениот Маршалов план.Со финансиска помош на амерканската влада, 16 држави ја основале Организацијата за европска економска соработка (OEES), посветена на обновата на инфраструктурата на разорениот континент и координација на снабдувањето со енергија.

Но ако изворниот OEES го вградил екстрактивниот капитализам во срцето на Европа со заштитата на картелите во производството на челик и јаглен – новата организација за Меѓународен зелен њу дил може да ги зајакне заедниците ширум светот со еден проект кој преобразува. Транснационалниот опфат на оваа мобилизација е од суштинско значење заради три основни причини.

Првата причина е производството. Неодамнешните истражувања покажуваат дека ако државите соработуваат, сите континенти би имале извори на енергија од ветерот, сонцето и водата кои се потребни во светот на нулта емисија на гасови. Северните држави и планинските области имаат подобар пристап до енергијата на ветерот, додека во јужните подрачја полесно е да се експлоатира сончевата енергија. Меѓународниот зелен њу дил би можел да ги искористи овие разлики за да се обезбеди обновливата енергија да им биде на располагање на сите во текот на целата година.

Втората причина е иновацијата. За решавање на климатските кризи ќе биде потребно повеќе од стопирање на експлоатацијата на фосилните горива. Ќе ни бидат потребни големи научни откритија за да развиеме обновливи извори на енергија, да ја прилагодиме постоечката инфраструктура, да спроведеме детоксикација на нашите океани и декарбонизација на атмосферата. Ниедна држава не може сама да ги финансира истражувањата и развојот што го бараат овие предизвици. OEES би ги собрала интелектуалните сили на глобалната научна заедница: Зелено движење Менхетн.

Третата причина е репарацијата. Со векови, државите како САД и Британија ги ограбувале и загадувале природните ресурси ширум светот. Помалку развиените држави се двојно лишени: прво, од своите природни богатства, а второ од своето право на одржлив развој, па иправото на постоење во случајот на многу мали островски земји во развој. Меѓународниот зелен њу дил би спровел прераспределба на ресурсите за рехабилитација на исцрпените области и заштита од растечкото ниво на морињата и би гарантирал пристоен животен стандард за сите климатски бегалци.

Автори: Јанис Варуфакис / Дејвид Адлер

Извор: The Guardian

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *