Култура

„Болка и слава“ на шпанскиот режисер Педро Алмодовар го отвора јубилејниот 40-ти фестивал „Браќа Манаки“

Јубилејното  40 – то издание на ИФФК „Браќа Манаки“, коешто започнува на 14 септември, ќе го отвори новиот филм на Педро Алмодовар, „Болка и слава“, а како гостин ќе пристигне кинематограферот на овој филм, Хозе Луис Алкаине, кој е добитник на „Златна камера“ 300 на 34. издание на фестивалот во 2013 година.  Новото филмско ремек-дело на Алмодовар, „Болка и слава“, организаторите на фестивалот го сметаат за морален победник на годинешниот филмски фестивал во Кан.

„Годинава, покрај големиот број кинематографери кои ќе бидат гости на фестивалот ни доаѓа шпанскиот киематографер, кој е наш лауреат и прв соработнки на Алмодовар, тоа е Хозе Луис Алкаине кој доаѓа заради филмот на отворањето, ремек делото на Педро Алмодовар, „Болка и слава“. По официјлната проекција, обезбедивме уште една проекција на филмот, што не беше лесно, но секоја година се обидуваме граѓаните од Битола да имаат свое место зашто ова е наш заеднички фестивал. Поголем дел од екипата се од Битола на кои јас искрено им благодарам за нивната снаодливост и професионализам. Ви носиме многу филмски изненадувања и доживувања, меѓу кои е и филмот за затворање на фестивалот,  „Манаки во слики“, новиот филм на Роберт Јанкулоски. Се одлучивме јубилејното издание да го затвориме со оние на кои им го посветуваме овој фестивал, пионерите кои со своите камери се втрурнале во животот и како што кажале: „Едно кадро за мене, едно за историјата“ и навистина така излезе“, рече Теодосиевска

По повод отворањето на Фестивалот со шпанскиот филм на Алмодовар се обрати и амбасадорот на Кралството на Шпанија, Емилио Лоренцо Сера, кој истакна дека е среќен што е во Битола, градот на конзулите и на браќата Манаки.

„Навистина ми е драго што Фестивалот одлучи да ја проследи траекторијата на 40 – годишната работа на Алмодовар и на неговиот соработник и пријател Хозе Луис Алкаине да ја спои со својот јубилеј и го избраа нивниот филм за отворањето. Како амбасадор на Кралстовто Шпанија се гордеам со Алмодовар и сум благодарен што ја слави неговата работа затоа што самиот тој се наметна како можеби најрепрезентативен режисер за Шпанија зашто најдобро го отслика тоа што се случуваше во последните 40 години откако станавме демократска држава. Алмодовар одеше во чекор со демократските промени, но и го критикуваше општеството со доза на сцојот специфичен хумор. Неговите филмови навистина се рефлексија на модерна Шпанија“, рече амбасадорот Сера. Тој додаде дека примерот на Шпанија , која не е идеална држава е пример за демократски промени кон кои се стреи Република Северна Македонија која ја чека влезот во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. „Само со конструктивна критика се оди напред и затоа уметниците и режисерите како Алмодовар се толку важни за општеството“, рече тој.

На отворањето ќе гостува и Џим Шеридан, висок претставник од Европската филмска академија, угледен ирски сценарист, режисер, драматург, но и актер. Тој во Битола ќе остане од 14 до 19 септември. Бил повеќе пати номиниран за Оскар, но не го добил тој туку неговиот актер Даниел Деј-Луис. Познат е по филмовите „Во името на таткото“, „Моето лево стапало, „Боксер“, „Поле“, автобиографскиот филм „Во Америка“ , „Куќата на сништата“.

Уметничкиот директор и селектор на Главната програма,  Куновски ја претстави годинашната селекција на филмови во конкуренција за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300, кој додаде дека  поголемиот дел од кинематограферите на филмовите во Главната програма ќе бидат гости на фестивалот во Битола.

Селекторот Благоја Куновски -Доре најави дека во Центарот за култура ќе бидат прикажани филмовите „Бедници“ од Франција, „Езерото на дивите гуски“ застрашувачка хроника на современото кинеско општество со гангстерското подземје, „Бикот“ на младиот руски снимател од прославената Московска академија Глеб Филатов, кој ќе биде гостин во Битола. Потоа, италијанскиот филм „Пирани“, еден од подобрите филмови од Берлиналето, па победникот „Синоними“ во кој е прикажан животот на млад Израелец кој беа од Париз за да најде нов излез, „Свиркачите“ од Романија, „ Жалиме што ве промашивме“ преку кој е претставено британското општество кое се соочува со последиците од брегзит, „Ајка“ на кименатограферката Јоланта Дилевска, наградувана на фестивалот во Битола, а овојпат во него ја снима животната приказна на емигрантка која се бори за гол живот во Москва.

„Времињата во кои светот ја препознава својата цивилизациска реалност, за жал, се оловно тешки од многу аспекти кои ја отсликуваат декаденцијата на човештвото. На тоа вистинските автори неможат да останат слепи и да ја кријат вистината под тепих. Во селекцијата Камера 300 природно морав да вклучам што повеќе филмови со таква, би рекол, експлозивна визуелна динамика што ги одразува и надградува идеите на сценаристите и режисерите. И како врв на задоволството за квалитетната селекција во Компетицијата Камера 300- е ремек делото, според мене моралниот победник во Кан- „Болка и слава“, рече Куновски. Исто така тој ги соопшти и имињата на годинашното меѓународно жири во чиј состав се Едвард Лакман (САД), претседател и Ненад Дукиќ (Србија), Доминик Велински (Франција), Калојан Божилов (Бугарија) и Фејми Даут (Р. С. Македонија).

Од името на Општина Битола, Евгенија Бекташ Јосифовска, советник за култура истакна дека во пресрет на почетокот на „Браќа Манаки“, Општината е во постојана комуникација со релевантните чинители за успешноста на фестивалот, како јавните претпријатија, хотелите, Центарот за култура, МВР – сите оние што учествуваат во организацијата на фестивалот.

„Се надевам дека и оваа година, гостите на фестивалот, како филмските работници така и другите гости дека ќе бидат задоволни од нашиот град, ќе понесат позитвини искуства и дека повторно ќе се вратат. Битола е многу горда на постоењето на фестивал од ваков калибар, со 40 годишно постоење и кој и кој ќе постои и во иднина со поитивно искуство“, рече Јосифовска.

Директорката на Центарот за култура – Битола, Маја Андоновска Илијевски рече дека приказната за Битола и за Центарот за култура не би била комплетна без фестивалот „Браќа Манаки“.

„Се радувам што веќе технички и екипирани и подготвени за да широко ги отвориме вратите за 40-тото издание на Фестивалот. Ние како Центар за култура оваа година прославуваме 39 години постоење и ќе славиме уште многу заеднички години. Киното во Центарот за култура е второ по број на посетители во државата, така што како домаќин на фестивалот ги поканувам Битолчани да го оправдаат реномето на филмски град.

Бистра Георгиева, раководителка на Програмата Креативна Европа Медиа, информираше дека на 40-то издание на фестивалот „Браќа Манаки“, МЕДИА Деск МК во соработка со МЕДИА Дескот од Хрватска и Хамбург ќе организираат „Филмски разговори“ на тема: Успех: отскок или стапица?!

Анита Стојчевска информираше за Работилницата за пишување на сценарио е организирана како дел од активностите во рамки на едногодишното партнерство воспоставено помеѓу  Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Европската програма за развој на долгометражни филмови со ограничен буџет „Less is More“ за 2019 година.

Ана Василева претстави еден нов аспект на Фестивалот: „Инспирирани од долгогодишната соработка на европските филмски фестивали со тамошните локални и регионални средни и основни училишта, а истовремено и водени од желбата филмската писменост да ја пренесеме на помладите генерации, со поддршка на програмата „Медиа“ на Креативна Европа, оваа година тимот на „Браќа Манаки“ потпиша меморандуми за соработка со сите средни училишта од градот Битола, како и неколку од регионот. Младинките и младинците од овие средни училишта ќе имаат можност бесплатно да ги посетуваат фестивалските проекции, особено оние филмови на актуелни теми кои им се блиски, и да разговараат и споделат мислења и впечатоци со некои од најдокажаните и етаблирани филмски професионалци.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *